Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, д-р Ѓорги Сламков и Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, денеска во просториите на Комисијата потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.Memorandum 1

Меморандумот е со важност од пет години (со можност за автоматско продолжување), а неговото потпишување е резултат на желбата на двете страни да се зајакне соработката поврзана со имплементацијата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Соработката меѓу двете институции ќе се одвива во насока на одржување на континуирани обуки во врска со спроведувањето на Законот слободен пристап информации од јавен карактер на полето на образованието. Целта на обуките ќе биде подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на целната група со Законот слободен пристап до информации од јавен карактер и правата и обврските кои произлегуваат од него.
За обуките и другите активности во рамки на меѓусебната соработка, потписниците ќе вршат размена на искуства и знаења преку формирање на заеднички тимови на обучувачи, работни групи и слично. Притоа обучувачите од Комисијата на обуките ќе пренесуваат повеќе практично искуство отколку чисто теоретско познавање.
Меморандумот, исто така, ќе послужи и како основа за склучување на спогодби и договори, кои можат да помогнат во развојот на слободниот пристап до информации од јавен карактер, во областа на високото образование.