Иницијативата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за воспоставување на поблиска соработка со високообразовните институции во јули 2016 година беше официјализирана со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со потпишување на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа првите луѓе на двете институции, д-р Ѓорги Сламков, претседател на Комисијата и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски.
Согласно овој документ, двете институции во рамките на својата примарна дејност се обврзаа да делуваат и соработуваат во насока на подигнување на јавната свест и степеност на запознаеност на студентите со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и можностите кои произлегуваат од него.
Практичната реализација на Меморандумот за соработка се реализира на 6-ти Декември 2016 година, со спроведување на обука за студентите од страна на претседателот на Комисијата, проф. д-р Ѓорги Сламков и неговите стручни соработници од Секретаријатот на Комисијата. За време на обуката студентите беа запознаени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, неговото спроведување и користење како алатка за пристап до информации од јавен карактер.