Во рамки на планираните заеднички активности предвидени во Проектот “Поддршка на пристапот до правото на заштита на личните податоци“, што се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата, на 27 април 2017 година, во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа регионална работилница на тема ,,Промоција на двете права –Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните подадоци“.

Освен претставници на работните групи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Работилницата учествуваа 20 службени лица за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер и офицери за заштита на личните податоци од повеќе институции од Скопје, Тетово, Гостивар и Велес.

Работилницата беше отворена со презентација на господинот Јернеј Ровшек, клучен експерт од правната област на Проектот, а со своја презентација се претстави и г-ѓа Десислава Тошкова, тим Лидер на проектот од Република Бугарија. Потоа двајцата експерти со присутните споделија покарактеристични искуства и примери од постапувања по двете законски загарантирани права во нивните земји.

Со свои презентации настапија и претставниците од двете домашни институции – Цветан Станоески (КОМСПИ), Мануела Станоевска Стоилковска (ДЗЛП) и м-р Марјана Планојевиќ (ДЗЛП).