ДОНЕСЕНИ 3 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 169-та седница, одржана на 19 април 2017 година, донесе 3 решенија и 2 заклучока.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против извршителот А.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 19 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против извршителот А.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Согласно член 12 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барам да извршам увид во предметот И.бр. 1653/12 и притоа да добијам фотокопии од списите во предметот за кои ќе оценам дека тоа е потребно“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот А.Т. од Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-160 на 13.03.2017 година, изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против извршителот А.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ извршителот А.Т. од Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Ј. од Скопје на 08.03.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до извршител А.Т., со кое побарал да му се достави следната информација:
„Согласно член 12 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барам да извршам увид во предметот И.бр. 1653/12 и притоа да добијам фотокопии од списите во предметот за кои ќе оценам дека тоа е потребно“.
При поднесувањето на Барањето, извршителот А.Т. од Скопје му рекол дека увид ќе му биде овозможен на 09.03.2017 година. На 09.03.2017 година му било укажано дека за да изврши увид треба да плати 5 евра во денарска противвредност, бидејќи така било определено во нивниот тарифник.
Незадоволен од наведеното укажување од страна на извршителот А.Т., Ј.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-160 од 23.03.2017 година, ја препрати Жалбата до извршителот А.Т. од Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Извршителот А.Т. од Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека извршителот А.Т. од Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Комисијата му укажува на имателот на информации дека согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Увидот во бараната информација е бесплатен“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги Стерна ДОО увоз-извоз Скопје, поднесена преку застапникот З.В., против Решението на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 19 април 2017, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги Стерна ДОО увоз-извоз Скопје, поднесена преку застапникот З.В. поднесена против Решението на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет-Скопје бр.03-1444/2 од 21.03.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ – Увид во извештајот за спроведена постапка по оглас бр.03/2016 (барање за слободен пристап до информација од јавен карактер
– Увид во образецот на понуди вклучувајќи ги техничките понуди.“ , СЕ ОДБИВА.
Решението на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Медицински Факултет-Скопје бр.03-1444/2 од 21.03.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-195 од 05.04.2017 година, изјавена од Друштвото за производство, трговија и услуги Стерна ДОО увоз-извоз Скопје, поднесена против Решението на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет-Скопје бр.03-1444/2 од 21.03.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, Друштвото за производство, трговија и услуги Стерна ДОО увоз-извоз Скопје, на 01.03.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет-Скопје, со кое побарало увид лично од следната информација:
„ – Увид во извештајот за спроведена постапка по оглас бр.03/2016 (барање за слободен пристап до информација од јавен карактер
– Увид во образецот на понуди вклучувајќи ги техничките понуди.“
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“-Медицински факултет–Скопје, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на 21.03.2017 година донело Решение за целосно одбивање на барањето бр.03-1444/2 од 21.03.2017 година.
Незадоволен од донесеното Решение, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-195 од 06.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“-Медицински Факултет–Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.04.2017 година Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“-Медицински Факултет–Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1444/3 од 12.04.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-195. Во прилог на Одговорот на жалба достави копија од Записникот за спроведената постапка за “Тест на штетност“ бр.03-1444/1 од 21.03.2017 година, копија од Решението бр.03-1444/2 од 21.03.2017 година и сите списи во врска со предметот. Во Решението е наведено: “Медицинскиот факултет – Скопје благовремено постапувајќи по поднесеното барање дозволи увид во досието на спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка само на документацијата за која Законот за јавни набавки дозволува увид и тоа во Записникот од јавно отварање на понудите и Извештајот од спроведената постапка. Барателот на ден 02.03.2017 година во Одделението за јавни набавки на Медицински факултет – Скопје изврши непосреден увид во Записникот и Извештајот на спроведената постапка по оглас бр.03/2016 година. Увид во записникот од јавното отварање за понудувачите кои тоа ќе го побараат е дозволен со член 139 став 3 од Законот за јавни набавки, а увид во Извештајот од спроведената постапка е дозволен со член 142 став 8. Останатата документација од досието на постапката освен онаа која се објавува или доставува до учесниците во постапката, посебно понудите кои се со доверлива содржина не можат да бидат предмет на увид. Законот на јавни набавки не упатува на тоа тоа дека понудите можат да бидат предмет на увид како што тоа го сторил со Записникот од јавно отварање на понудите и Извштајот од спроведената постапка. Сепак, во поднесениот образец за слободен пристап на информации од јавен карактер подносителот едновремено побара и непосреден увид во образецот на понудите вклучувајќи ги и техничките понуди. Барањето за непосреден увид во понудите вклучувајќи ги и техничките понуди во оваа фаза на постапката согласно интенцијата и наведените членови од Законот за јавни набавки е недозволена. ….За правилно и законито постапување и одлучување по поднесеното барање, Медицински факултет Скопје спроведе постапка на “Тест на штетност“ и се констатира дека барањето на информација од јавен карактер е во спротивност со член 6 точка 1, 6 и член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а од друга страна се работи за доверливи податоци на економските оператори кои учествувале во јавната набавка поврзани со одредени информации како на пример патент, модел, мостра и.т.н и при непосреден увид би можело да се нанесе штета на економските оператори кои учествувале во постапката…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“-Медицински Факултет–Скопје постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 1 и точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 19 април 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-441/2 од 17.03.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми ја одредбата (членот), односно одредбите (членовите), од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Службен весник на Република Македонија бр.97/12, 109/13, 126/15 и 127/15) кои имаат повратно (ретроактивно) дејство, а во однос на тоа дека истите правила за снабдување со топлинска енергија ги има донесено Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, согласно член 28 од Законот за енергетика”, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-441/2 од 17.03.2017 година за прекинување на постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-193 на 03.04.2017 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, против Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-441/2 од 17.03.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Д.Ј. од Скопје, на 06.03.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија заведено под бр.09-441/1, со кое побарал по пошта да му ја достават следната информација:
„1. Доставете ми ја одредбата (членот), односно одредбите (членовите), од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Службен весник на Република Македонија бр.97/12, 109/13, 126/15 и 127/15) кои имаат повратно (ретроактивно) дејство, а во однос на тоа дека истите правила за снабдување со топлинска енергија ги има донесено Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, согласно член 28 од Законот за енергетика”.
На 17.03.2017 година Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, со допис бр.09-441/2 до барателот доставила Допис-Достава на Заклучок бр.09-441/2 од 17.03.2017 година.
Незадоволен од донесениот Заклучок, Д.Ј. од Скопје, преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 03.04.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-193. Во прилог на Жалбата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги достави: Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.09-441/1 од 06.03.2017 година; Заклучокот со кој постапката се прекинува бр.09-441/2 од 17.03.2017 година со доставно писмо; Жалбата против заклучок бр.09-441/3 од 23.03.2017 година.
Во Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија е наведено: “Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија утврди дека информацијата што е побарана претставува податок од анализата на Правилата за снабдување со топлинска енергија во поглед на ретроактивноста, кој податок претставува неделив дел од анализата што ја прави Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија при носење на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена во поглед на усогласеноста со Законот за енергетика и другите важечки закони и прописи во Република Македонија, кој документ не може да му биде доставен бидејќи не претставува посебен документ информации. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, утврди дека доколку достави до барателот целосна анализа на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена во поглед на усогласеноста со законот за енергетика и другите важечки закони и прописи во Република Македонија, која претставува работна верзија, збир на информации, односно помошен материјал кој послужил при носењето на Правилата за снабдување со топлинска енергија и понатаму послужува при следењето на нивната примена, би предизвикало погрешно разбирање на содржината…..Воедно, Регулаторната комисија за енергетика веќе има постапено по барање на Д.Ј. со иста содржина бр.11-705/1 од 04.04.2016 година, по кое има постапувано и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер врз основа на поднесена жалба бр.08-114 од 08.04.2016 година. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија утврди дека Информацијата побарана со барањето бр.09-441/1 од 06.03.2017 година, се однесува на информација со која Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија не располага“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија постапила согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, поднесена преку полномошник д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 19 април 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, поднесена преку полномошник д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од правниот акт врз основа на кој трговското друштво Топ Метал ДОО Скопје ја користи КП бр.3399/1 КО Кисела Вода 1, ИЛ бр.33424, на адреса бул. Србија бр.8, која е сопственост на Република Македонија, а на која што ова трговско друштво има свое седиште и ја обавува својата дејност“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-191 на 30.03.2017 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, поднесена преку полномошник д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, на 20.02.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-022 до Општина Кисела Вода, со кое побарало во електронски запис по меил да му се достави следната информација:
„Копија од правниот акт врз основа на кој трговското друштво Топ Метал ДОО Скопје ја користи КП бр.3399/1 КО Кисела Вода 1, ИЛ бр.33424, на адреса бул. Србија бр.8, која е сопственост на Република Македонија, а на која што ова трговско друштво има свое седиште и ја обавува својата дејност “.
Општина Кисела Вода, како што е наведено во Жалбата, до барателот на информации на 16.03.2017 година доставила Заклучок бр.08-174/1 од 14.03.2017 година, примено во Здружението на 16.03.2017 година под бр.0302-077, со кој постапката по Барањето се прекинува.
Незадоволно од добиениот Заклучок, Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, преку полномошник д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-191 од 03.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Оштина Кисела Вода и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.04.2017 година Здружението Транспаренси Интернешнл Македонија-Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека од Општина Кисела Вода добиле одговор по бараната информација.
Општина Кисела Вода на 13.04.2017 година до Комисијата достави допис “Достава на списи по поднесена жалба“ заведен под бр.08-1741/5 од 12.04.2017 година а во Комисијата заведен под бр.08-191. Во прилог на Дописот ги достави сите списи во врска со предметот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Кисела Вода постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 19 април 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр.08-34 од 06.03.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Одговорот бр. 16.1.2-360/1 од 03.03.2017 година на Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства Министерството за внатрешни работи исплатило кон поранешни и сегашни вработени на МВР, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2015 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, како и правилниците што го регулираат работењето и прераспределувањето во рамки на овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-34 на 06.03.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Одговорот бр. 16.1.2-360/1 од 03.03.2017 година на Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје, на 14.11.2016 година до Министерството за внатрешни работи по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.16-1789/1 со кое побарал по пошта или е-маил да му се достават фотокопии од следните информации:
„Колку средства Министерството за внатрешни работи исплатило кон поранешни и сегашни вработени на МВР, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2015 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, како и правилниците што го регулираат работењето и прераспределувањето во рамки на овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“.
Министерството за внатрешни работи, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата на 03.02.2017 година.
Постапувајќи по оваа Жалба, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 20.02.2017 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Министерството за внатрешни работи при повторното постапување по наведеното Решение, на 03.03.2017 година до барателот доставило Одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, со рег. 16.1.2-360/1.
Незадоволен од добиениот Одговор, В.С. од Скопје, на 06.03.2017 година достави Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-34. Во Жалбата е наведено:“…На 03.03.2017 година добив одговор од МВР по електронски пат, со рег. бр. 16.1.2-360/1, кој само делумно го задоволува барањето, бидејќи содржи исплатени суми по судски пресуди по основ на престанок на работен однос во судски процеси каде како бранител настапувало министерсвото, меѓутоа нема податок за исплатени суми по основ на поништени решенија за прераспределување, со образложение дека не располагаат со тој податок“.
Комисијата, со допис бр.08-34 од 07.03.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи на 17.03.2017 година до Комисијата достави Допис “Достава списи во врска со жалба“ со рег. бр.16.1.2-422/1 од 16.03.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-34, во кој наведува: „Во однос на горенаведениот Ваш акт примен во Министерството за внатрешни работи на 10.03.2017 година, Во прилог на овој акт Ви го доставуваме Одговорот до В.С. број 16.1.2-360/1, Одговорот од Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси по однос на првата Жалба поднесена со регистерски број 13.2.2-1006/1 како и Одговорот од Одделот за финансиски прашања по однос на првата жалба со регистарски број 17.2.2.1-685/1. Напоменуваме дека одговорите од Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси и Одделот за финансиски прашања, беа доставени до Одделението за информации од јавен карактер и врз основа на нив беше изготвен одговорот до В.С. …..“.
Во прилог на наведениот Допис беа доставени наведените списи, како и списите со рег. бр.16.1.2-320/1 од 27.02.2017 година, со рег.бр.16.1.2-319 /1 од 27.02.2017 година како и Табеларен приказ на судските предмети како составен дел од Одговорот доставен до В.С.
Министерството за внатрешни работи на 27.03.2017 година до Комисијата достави меил заведен под бр.08-34, во кој наведува “Во врска со нашиот акт со регистерски број 16.1.2.-422/1 од 16.03.2017 година, а во врска со Жалба од В.С. заведена со Ваш регистерски број 08-34, Ве молиме при одлучувањето да го земете предвид и Заклучокот кој Ви го доставуваме во прилог. Заклучокот е доставен и до Жалителот В.С. Истиот ќе го добиете и по пошта.“
Министерството за внатрешни работи на 29.03.2017 година до Комисијата по пошта го достави Заклучокот за прекинување на постапката со рег. Бр.16.1.2-450/1 од 24.03.2017 година а во Комисијата заведен под бро 08-34.
Министерството за внатрешни работи на 06.04.2017 година до Комисијата повторно достави меил во прилог на кој е испечатен меилот со кој Заклучокот за прекинување на постапката на В.С. на 24.03.2017 година во 15,45 минути му е доставен на неговата меил адреса.
В.С. не се произнесе по добиениот Заклучок од Министерството за внатрешни работи, односно до Комисијата не достави Жалба во законски предвидениот рок.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.