Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;

  • се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;
  • подготвува и објавува листа на иматели на информации;
  • дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;
  • презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
  • соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
  • дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвувањето на Буџетот на Република Македонија; – донесува Деловник за својата работа;
  • подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
  • извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
  • донесува Статут, како и други акти со кои го уредува начинот на работа и организацијата на Комисијата и
  • врши и други работи утврдени со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и со друг закон.