ДОНЕСЕНИ  4 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОЦИ

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 139-та седница одржана на 20 јули 2016 година донесе  4 решенија и 5 заклучоци.

* * * * *

            Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Министерството за финансии, бр.03-2430/4 од 12.05.2016 година, СЕ ОДБИВА.

Решението на Министерството за финансии, бр.03-2430/4 од 12.05.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-146 на 20.05.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Министерството за финансии, бр.03-2430/4 од 12.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Г.Л. од Кочани поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, заведено под бр.03-2430/1 на 12.04.2016 година и побарал во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил, да се достави следната информација:

          „Колку неправилности се регистрирани при користењето на ИПА фондовите во 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година?“

Постапувајќи по цитираното Барање, Министерството за финансии донело Решение бр.03-2430/4 од 12.05.2016 година, со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2430/1 од 12.04.2016 година, поднесено од Г.Л. се одбива. Во образложението на Решението, Министерството за финансии наведува дека утврдило дека бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информаци од јавен карактер е исклучок од слободниот пристап до информации. Исто така, Министерството за финансии наведува “Предмет на ова барање се информации од доверлив карактер…Податоците за констатираните направилности се наведени во Извештајот за неправилности (Анекс 1- со назнака доверливо)…Согласно член 6 став 3 од Законот, Министерството за финансии спроведе постапка на тест на штетност со што се утврди дека последиците кои би се јавиле врз интересот кој се заштитува би биле големи доколку се даде пристап до информацијата која се бара.”

Незадоволен од цитираното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-146 од 26.05.2016 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2430/6 од 03.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-146 на 07.06.2016 година. Во Одговорот на Жалба Министерството за финансии останува на наводите во оспореното Решение, и во прилог достави фотокопија од Службена белешка за спроведен Тест на штетност.

Комисијата, со допис бр.08-146 од 01.07.2016 година побара од Министерството за финансии да достави доказ дека наведените информации претставуваат исклучок согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поточно фотокопија од насловната страна на бараниот материјал, на кој е означен степенот на класификација и временскиот период за кој е класифициран.

На ова Барање, Министерството за финансии до Комисијата достави допис-Достава на документација Дов.бр.19-82/1 од 12.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-146 на 12.07.2016 година. Во прилог на дописот, Министерството за финансии достави фотокопија од Working document-Guidelines for the completition of the standard grom for quarterly communications of irregularities in connection with Instrument for Pre-Accessin Assistance (IPA) (страна 1 и 19), како и фотокопија од првата страна на Извештаи за неправилности, заведени во Министерството за финансии под Дов.бр.29-51/2 од 30.11.2011 година, Дов.бр.29-80/1 од 30.11.2012 година, Дов.бр.27-48/1 од 31.05.2013 година, Дов.бр.09-25/1 од 30.05.2014 година и Дов.бр.10-28/1 од 28.05.2015 година, на кои е означен степен на класификација confidential односно “доверливо”. Во дописот,  Министерството за финансии напоменува дека “во текот на 2009 година и 2010 година, не се доставувани Извештаи за нерегуларности.”

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

 

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.М. од Прилеп, поднесена против Решението на Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Д.М. од Прилеп, поднесена против Решението на Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп, бр.04-145/6 од 17.05.2016 година, СЕ ОДБИВА.

Решението на Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп, бр.04-145/6 од 17.05.2016 година за делумно одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-118 на 19.05.2016 година, изјавена од Д.М. од Прилеп, поднесена против Решението на Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп, бр.04-145/6 од 17.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Д.М. од Прилеп на 21.04.2016 година поднел повеќе Барања за пристап до информации од јавен карактер до Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп, заведени под бр.04-145/1-1; бр. 04-145/1-2; 04-145/1-3 и 04-145/1-4, со кои побарал во фотокопија, нему лично на рака, да му ги достават следните информации:

          „-Правилник за систематизација на работни места во Затвор Прилеп од 18.10.2007 год. со опис и попис на работни места;

–        Правилник за систематизација на работни места во Затвор Прилеп со број 01-227/1 од 23.02.2016 год. и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во КПУ Затвор Прилеп со бр.01-227/6 од 11.03.2016 год. со опис и попис на работни места;

–        Опис на работни задачи и обврски по решение за распоредување и утврдување на плата за државен службеник во Затвор Прилеп заведено со бр.04-112/1 од 18.04.2016 година и

–        Правилник за систематизација на работни места во Затвор Прилеп со број 01-1525/1 од 13.12.2010 год. и измените на Правилникот за систематизација на работни места бр.01-157/1 од 01.02.2011 год. и 01-157/3 од 28.04.2011 год. со опис и попис на работни места“.

Одговарајќи на Барањата за пристап до информации од јавен карактер, Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп до Д. М. од Прилеп доставила Решение бр.04-145/6 од 17.05.2016 година, со кое делумно го одбила пристапот до бараните информации.

Во наведеното Решение Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп наведува дека на барателот, вработен во КПУ Затвор Прилеп, како и на останатите вработени „…им е доставен извадок од Правилникот за систематизација на работните места во КПУ Затвор Прилеп, во делот на Опис на работни задачи и обврски“. Со Решението, останатите барања ги одбива согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, напоменувајќи дека со извршениот Тест на штетност „…се утврди дека со објавувањето и станувањето достапни до поголем број на лица на информациите содржани во нив, особено во делот Затворска полиција (структура, организација, поставеност, пополнетост на работни места и сл.), би предизвикало негативни и штетни последици во остварувањето на функцијата на Установата, како и негативни последици за вработените во истата…и истата претставува информација со соодветен степен на тајност“.

Незадоволен од добиеното Решение, Д.М. од Прилеп поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-118 од 26.05.2016 година ја препрати Жалбата до Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп до Комисијата достави Одговор бр.04-145/11 од 02.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-118 на 07.06.2016 година. Во одговорот Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп останува на наводите во оспореноето Решение, кое го достави во прилог, како и на Тестот на штетност бр.04-145/5 од 16.05.2016 година. 

Комисијата, со допис бр.08-118 од 01.07.2016 година побара од Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп да достави доказ дека наведените информации претставуваат исклучок согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

По барањето на Комисијата, Управата за извршување на санкции КПУ „Затвор Прилеп”-Прилеп до Комисијата достави и Известување бр.04-145/13 од 07.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-118 на 08.07.2016 година. Во прилог се доставени фотокопии од „насловната и последната страна на Правилникот за систематизација на работни места во КПУ Затвор Прилеп од 23.02.2016 година, донесен и потпишан од Директорот на Управата за извршување на санкции; копија од насловната и последната страна на Правилникот за измена од 11.03.2016 година, донесен и потпишан од Директорот на Управата за извршување на санкции; копија од Листа на архивски материјал за 2016 година на КПУ Затвор Прилеп; копија од Решението за примена на Листата на архивскиот материјал од ДАРМ – Одделение Прилеп и Безбедносен сертификат“. Од доставените прилози е видно дека документите наведени во Барањата за пристап до информации од јавен карактер од Д.М. од Прилеп се означени со степен на класификација „доверливо“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Управата за извршување на санкции КПУ “Затвор Прилеп”-Прилеп постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение, со кое делумно го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.      

 

* * * * *                                            

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следното

 

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/3 од 16.06.2016 година, СЕ ОДБИВА.

Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/3 од 16.06.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-178 на 27.06.2016 година, изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/3 од 16.06.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

С.Ц. од Скопје на 19.05.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, заведено кај имателот на информации под бр.08-892/1, со кое ја побарала следната информација:

          „Решение за користење годишен одмор на претседател на Влада за 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година (решение за прв, втор, трет дел доколку е апликативно“.

Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија до барателот доставила Решение бр.08-892/3 од 16.06.2016 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација.

Во наведеното Решение Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија наведува дека постапиле согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го спровеле задолжителниот Тест на штетност и утврдиле дека бараните информации „…претставуваат акти кои се дел од персоналното досие на функционерот и како такви се класифицирани информации со степен на тајност – интерно…и дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес…“.

Незадоволна од добиеното Решение, С.Ц. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-178 од 06.07.2016 година ја препрати Жалбата до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.07.2016 година Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор бр.08-892/8 од 18.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-178. Во одговорот Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија останува на наводите во оспореноето Решение, напоменувајќи дека „…согласно член 19 (4) од Законот за класифицирани информации…класифицираната информација со степен „ИНТЕРНО“…исто така, согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење…бараните информации се уредно и навремено архивирани во архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија…Во функција на горенаведеното ја повикуваме Комисијата…да изврши увид и да ја провери веродостојноста на информациите дадени од страна на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност, наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следното

 

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/4 од 16.06.2016 година, СЕ ОДБИВА.

Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/4 од 16.06.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-182 на 01.07.2016 година, изјавена од С.Ц. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Канцеларија на Претседателот на Владата бр.08-892/4 од 16.06.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

С.Ц.од Скопје на 19.05.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, заведено кај имателот на информации под бр.08-892/2, со кое ја побарала следната информација:

          „Одлука за службен пат за сите патувања за годините 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, патни налози за 2011, 2012, 2013, 2014, пресметка на службени дневници за сите патувања за годините  2011, 2012, 2013, 2014, 2015, фактура од резервации за хотел 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 за претседател на Влада Н.Г. (сега поранешен)“.

          Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија до барателот доставила Решение бр.08-892/4 од 16.06.2016 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација.

          Во наведеното Решение, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија наведува дека постапиле согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го спровеле задолжителниот Тест на штетност и утврдиле дека бараните информации „…Имено, во однос на барањето за фактурите од резервациите за хотел сметаме дека се од економски интерес и поради тоа не можеме да дадеме одговор на поднесеното барање. Исто така, во врска со решенијата за службени патувања мораме да нагласиме дека станува збор за акти кои влегуваат во персоналното досие на функционерот кои како такви се интерно класифицирани. Со оглед дека побараната информација се однесува на комерцијални, економски и класифицирани интереси, чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функсијата, Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот…“.

          Незадоволна од добиеното Решение, С.Ц. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-182 од 06.07.2016 година ја препрати Жалбата до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.07.2016 година Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.08-892/7 од 18.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-182. Во Одговорот на жалба Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија останува на наводите во оспореното Решение, напоменувајќи дека „….Бенефитот од ваквите патувања на државен план не може соодветно да се претстави и да се валоризира преку давањето на нумерички и други податоци бидејќи истите може да бидат злоупотребени и ставени во контекст кој може да предизвика реакции со кои ќе се проблематизираат патувањата кои ќе следат во иднина и на тој начин да се генерираат штетни последици за економските интереси поврзани со извршувањето на функцијата… по задолжително спроведениот тест на штетност во согласност со член 3 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон…“

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност, наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

         

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:    

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Делчево за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Делчево (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-183 на 06.07.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку С.Т., претседател на Здружението, на 27.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840-11 до Основното јавно обвинителство Делчево, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:  

“Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Делчево за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Делчево (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”

Основното јавно обвинителство Делчево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-183 од 08.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Делчево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 14.07.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Основното јавно обвинителство Делчево и е задоволно од истиот. 

На 18.07.2016 година, Основното јавно обвинителство Делчево достави до Комисијата допис А бр.49/16-1 од 12.07.2016 година, во кој се наведува дека доставиле одговор на Барањето до Здружението и во прилог достави фотокопија од дописот за достава на одговорот насловен до Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Делчево постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Вишото јавно обвинителство – Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следниот

                                      З  А  К  Л  У  Ч  О  К

 

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Вишото јавно обвинителство – Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител, колку вкупно такви известувања има добиено Вишото јавно обвинителство Гостивар од секое основно јавно обвинителство поединечно, за 2014, 2015 и 2016 година (за секоја година поединечно)?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-185 на 07.07.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Вишото јавно обвинителство – Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, на 27.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840-2 до Вишото јавно обвинителство – Гостивар и побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител, колку вкупно такви известувања има добиено Вишото јавно обвинителство Гостивар од секое основно јавно обвинителство поединечно, за 2014, 2015 и 2016 година (за секоја година поединечно)?”.

Вишото јавно обвинителство Гостивар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-185 од 12.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Вишото јавно обвинителство Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.07.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Вишото јавно обвинителство Гостивар и е задоволно од истиот. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Вишото јавно обвинителство Гостивар постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С. Т.претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

 

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т. претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:                  

„1. Колкав е бројот на отворени истраги по случаи и лица во 2014 и 2015 година (за секоја година поеднично), иницирано од страна на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, други државни органи, граѓани/физички и правни лица, како и анонимни пријави, за секоја категорија на пријавувачи, за следниве кривични дела: -примање на откуп, од чл.357 од КЗ …

2. Колкав е брјот на затворени истраги без обвинителен акт во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично) и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ …

3. Колкав е бројот истражни постапки кои траеле помалку од 1 година во 2014 и 2015 година (за секоја година поеднично), и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ …

4. Колкав е бројот истражни постапки кои траеле повеќе од 1 година во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично) и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ…

5. Против колку случаи и лица поднесени обвинителни акти во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично), и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ …“, поради тоа што барателот добил одговор. 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-179 на 28.06.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:             

          Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, на 10.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840/18 до Основното јавно обвинителство – Битола, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од информациите:   

„1. Колкав е бројот на отворени истраги по случаи и лица во 2014 и 2015 година (за секоја година поеднично), иницирано од страна на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, други државни органи, граѓани/физички и правни лица, како и анонимни пријави, за секоја категорија на пријавувачи, за следниве кривични дела: -примање на откуп, одчл.357 од КЗ …

2. Колкав е брјот на затворени истраги без обвинителен акт во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично) и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, одчл.357 од КЗ …

3. Колкав е бројот истражни постапки кои траеле помалку од 1 година во 2014 и 2015 година (за секоја година поеднично), и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, одчл.357 од КЗ …

4. Колкав е бројот истражни постапки кои траеле повеќе од 1 година во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично) и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ …

5. Против колку случаи и лица поднесени обвинителни акти во 2014 и 2015 година, (за секоја година поеднично), и се однесуваат на следниве кривични дела: – примање на откуп, од чл.357 од КЗ …“

Основното јавно обвинителство – Битола, како што е наведено во Жалбата, на 22.06.2016 година доставило Известување А.бр.183/16 од 13.06.2016 година, со кое Основното јавно обвинителство-Битола го известило дека Барањето е препратено до Јавното обвинителство на Република Македонија.

Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, незадоволно од наведеното Известување на 28.06.2016 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.08-179.

          Комисијата со допис бр.08-179 од 30.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обивнителство – Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 11.07.2016 година, Основното јавно обвинителство-Битола до Комисијата достави Доставување на списи А.бр.183/16 од 04.07.2016 година. Во Доставувањето се наведува дека: „…во Основното јавно обвинителство Битола не се прават ваков вид статистички анализи и дека ова обвинителство е надлежно…во законски предвидениот рок донесовме Заклучок со кој постапката по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија, се прекинува.“ Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот. 

          На 18.07.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија преку е-маил ја извести Комисијата дека добила одговор од Основното јавно обвинителство – Битола и е задоволно од истиот.    

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство – Битола постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

 

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т.претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:                  

„Имајќи предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Прилеп за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Прилеп (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?“, поради тоа што барателот добил одговор. 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-187 на 07.07.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:             

          Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, на 27.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840/18 до Основното јавно обвинителство – Прилеп примено во Основното јавно обвинителство – Прилеп на 03.06.2016 година, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од информациите:   

„Имајќи предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Прилеп за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Прилеп (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?“

Основното јавно обвинителство – Прилеп, како што е наведено во Жалбата, не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија поднесе Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-187 од 12.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обивнителство – Прилеп и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.07.2016 година, Основното јавно обвинителство- Прилеп до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.107/16 од 14.07.2016 година. Во Одговорот се наведува дека: „…утврди дека информацијата која ја бара барателот не е информација од јавен карактер во смисла на чл.3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не е информација која ја создал и со која располага имателот, па како таква да постои во бараната форма.“

          Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот, а исто така и  Заклучокот за прекинување на постапката А.бр. 107/16 од 30.06.2016 година.

На 18.07.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија преку е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Основното јавно обвинителство – Прилеп и е задоволно од истиот.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство – Прилеп постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 јули 2016 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

 

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:                 

„Доставете ми го предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, донесен на седницата на Собранието на РМ на 25 Јули 2008 година, заедно со целосната содржина на предлогот на Законот, кое согласно член 135 и 136 од Деловникот за работа на Собранието на Р.М (Сл.Весник на РМ бр.60/02), задолжително било да го има секој предлог на закон. Барањето се однесува на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата кој е излезен во Сл. Весник на РМ, бр.98 од 4 август 2008 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-175 на 22.06.2016 година, изјавена Д.Ј.од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

          Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје, на 22.03.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија , со кое побарал да му се достави по електронска форма следната информација:   

„Доставете ми го предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, донесен на седницата на Собранието на РМ на 25 Јули 2008 година, заедно со целосната содржина на предлогот на Законот, кое согласно член 135 и 136 од Деловникот за работа на Собранието на Р.М (Сл.Весник на РМ бр.60/02), задолжително било да го има секој предлог на закон. Барањето се однесува на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата кој е излезен во Сл. Весник на РМ, бр.98 од 4 август 2008 година“.

Собранието на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Д.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-175 од 27.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. 

На 06.07.2016 година, Собранието на Република Македонија до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.37-3055/2 од 04.07.2016 година. Во прилог на Одговорот ја достави бараната информација и други списи во врска со предметот. 

На 09.07.2016 година, Д.Ј. од Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација од Собранието на Република Македонија и поради тоа ја повлекува Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Собранието на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.