ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 140-та седница одржана на 17 август 2016 година, донесе 5 решенија и 9 заклучоци.

* * * * *

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Решението на Царинската управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 17 август2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Решението на Царинската управа на Република Македонија бр.02-044173/16-0003 од 08.07.2016 (11.07.2016) година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга на геодетски елаборати број 07/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

–        извештај од спроведената е-аукција.”СЕ УВАЖУВА.

Решението на Царинската управа на Република Македонија бр.02-044173/16-0003 од 08.07.2016 (11.07.2016) година СЕ ПОНИШТУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА Царинската управа на Република Македонија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-193 на 18.07.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Решението на Царинската управа на Република Македонија бр.02-044173/16-0003 од 08.07.2016 (11.07.2016) година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Царинската управа на Република Македонија бр.02-044173/16-0003 од 08.07.2016 (11.07.2016) година  ГО ПОНИШТИ И JA ЗАДОЛЖИ Царинската управа на Република Македонија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-193 на 18.07.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 13.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2046/1 до Царинска управа на Република Македонија, со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

          „Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга на геодетски елаборати број 07/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

–        извештај од спроведената е-аукција.”

На 14.07.2016 година Царинската управа на Република Македонија до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило допис со кој одговара на Барањето, бр.02-044173/16-0002 од 08.07.2016 (11.07.2016) година, заведен во Здружението под бр.0302-2046/2. Во дописот Царинската управа наведува “Во однос на прашањето дали е спроведено истражување на пазарот, со оглед на тоа што станува збор за јавна набавка на услуги, Ве известуваме дека согласно Законот за јавни набавки, член 36-а став 1 не е потребно обезбедување согласност од Советот за јавни набавки на услуги…Во конкретниот случај на набавка на геодетски елаборат се работи за услуга и не се побарани никакви други критериуми освен задолжителните два не е спроведено истражување на пазарот.”

Во прилог на наведениот допис, Царинската управа на РМ доставила Одлука за избор на најповолен понудувач бр.05-001825/16-0026 од 05.05.2016 година и Решение бр.02-044173/16-0003 од 08.07.2016 (11.07.2016) година, со кое се одбива Барањето за пристап до информации од јавен карактер кое се однесува на делот за доставување-Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка и Извештај од спроведената е-аукција. Во образложението на цитираното Решение, Царинската управа на РМ наведува “Согласно член 142 став 8 од Законот за јавни набавки, “Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.” Центарот за граѓански комуникации-барател на информацијатa од јавен карактер, не учествувал во јавната набавка како понудувач и согласно тоа нема право на увид во Извештајот за спроведента постапка и Извештајот од спроведената е-аукција, која  е негов составен дел.” Со Решението, Царинската управа на РМ го одбила пристапот до бараните информации согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој гласи “Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на: информација што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата.”, а врз основа на претходно спроведен “тест на штетност”.

Незадоволно од наведеното Решение, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 18.07.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-193 од 21.07.2016 година ја препрати Жалбата до Царинската управа на Република Македонија и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот  да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Постапувајќи по барањето на Комисијата, Царинската управа на Република Македонија, на 28.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по доставена жалба бр.02-044173/16-0005 од 27.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-193 и сите списи во врска со предметот. Во Произнесувањето по жалбата, Царинската управа на РМ останува на наводите од Решението со кое се одбива пристапот, ценејќи дека со “Откривањето на дел од бараните информации ќе им нанесе значителна штета на економските оператори на кои се однесува бараната информација. Доколку Царинската управа ја даде бараната информација ќе изнесе податоци за вредноста, обемот на работа и други податоци кои претставуваат комерцијални и други економски податоци на економските оператори со што би предизвикала штетни последици во остварувањето на нивната функција.”

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Царинската управа на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапила согласно членот 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон.“

Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:

Согласно член 10 точка 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка и извештај од спроведената е-аукција.“ во целост се информации од јавен карактер. Од наведеното произлегува дека истите не спаѓаат во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон.

Во образложението на оспореното Решение, како и во спроведениот Тест на штетност Царинската управа на Република Македонија наведува дека со овозможување на пристап до бараните информации ќе им се нанесе значителна шета на економските оператори на кои се однесува бараната информација, односно откривањето на бараните информации би предизвикале штетни последици во остварувањето на функцијата на економските оператори, без притоа да прецизира за кои и образложи за какви штетни последици би настанале. Поради тоа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Решението со кое се одбива пристапот до дел од бараните податоци не е соодветно аргументирано, односно не е во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истото го поништи.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување. 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Основното јавно обвинителство Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Основното јавно обвинителствоГостивар, А.бр.123/2016 од 12.07.2016 година, СЕ ОДБИВА.

Заклучокот на Основното јавно обвинителство Гостивар, А.бр.123/2016 од 12.07.2016 годиназа прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хелсиншкиот комитет за човекови праваСЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-203 на 25.07.2016 година, изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Основното јавно обвинителство Гостивар, А.бр.123/2016 од 12.07.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, на 07.07.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-564 до Основното јавно обвинителство Гостивар, со кое побарал да му се достават информациите:

„1. Број на кривични пријави примени од граѓани врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

2. Број на кривични пријави примени од МВР врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

3. Број на поведени истражни постапки по пријави од граѓани и МВР и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

4. Број на поведени истражни постапки по службена должност и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд по предмети започнати по службена должност врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?“

Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Основното јавно обвинителство Гостивар до барателот доставило Заклучок А бр.123/2016 од 12.07.2016 година, заведен во Хелсиншкиот комитет под бр.03-429/24 на 14.07.2016 година. Со Заклучокот, Основното јавно обвинителство Гостивар ја прекинува постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хелсиншкиот комитет за човекови права, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со образложение: “Основното јавно обвинителство Гостивар постапувајќи по барањето констатираше дека бараните информации не се информации со кои располагаме и сме ги создале, односно информации кои веќе во бараната форма постојат, од причина што во Јавните обвинителства во Република Македонија не се прават ваков вид статистички анализи.”

          Незадоволен од добиениот Заклучок, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директорна 25.07.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-203 од 26.07.2016 година ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Гостивар и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 03.08.2016 година Основното јавно обвинителство Гостивар до Комисијата достави допис-Доставување на информација А бр.123/16 од 29.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-203. Во дописот Основното јавно обвинителство Гостивар наведува “По проучување на ова барање Основното јавно обвинителство Гостивар најде дека е потребно изготвување на посебна анализа која Основното јавно обвинителство Гостивар не е во можност да ја изготви. Бараните информации не се информации со кои располага ова јавно обвинителство, односно информации кои веќе во бараната форма пoстојат од причина што во Основното јавно обвинителство Гостивар не се прават ваков вид на статистички анализи.“ Во прилог, Основното јавно обвинителство Гостивар го достави Заклучокот за прекинување на постапката и Барањето за пристап до информации од јавен карактер.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот,Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство Гостивар постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинало постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, став 2 од член 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи:”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”

Согласно член 23 од Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Mакедонија” бр.150/2007 и бр.111/2008), секое јавно обвинителство изготвува годишен извештај за својата работа кој го доставува до непосредно повисокото јавно обвинителство, а Јавното обвинителство на Република Македонија изготвува единствен годишен извештај за работата на сите јавни обвинителства. Во цитираниот закон, јавните обвинителства не се обврзани да водат статистички анализи какви бара Хелсиншкиот комитет на Република Македонија.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Основниот суд Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Основниот суд Тетово, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-201 на 20.07.2016 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Основниот суд Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.10-289/1 од 10.05.2016 година до Основниот суд Тетово, со кое побарала по пошта, да и се достави фотокопија од следната информација:

„Колку вкупно постапки во кои е одобрена бесплатна правна помош се иницирани во периодот од 01 јануари 2015 година до 01 април 2016 година за решавање на правни прашања од надлежност на судот? Колку од нив се правосилно завршени?“.

Основниот суд Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф. К.П., извршен директор на Фондацијата, до Основниот суд Тетово доставила Ургенција бр.10-239/2 од 23.06.2016 година, со која побарала од имателот на информации да постапи по нејзиното Барање за пристап до информации од јавен карактер, предупредувајќи го дека, доколку не го стори тоа „…во рок од 7 дена“, ќе поднесе Жалба до Комисијата.

Основниот суд Тетово не одговорил ниту по наведената Ургенција, по што Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Фани Кранфилова Пановска, извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-201 од 22.07.2016 година ја препрати Жалбата до Основниот суд Тетово и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Основниот суд Тетово до Комисијата достави допис 0301.СУ.БР.481/16 од 26.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-201 на 28.07.2016 година. Во дописот Основниот суд Тетово наведува дека „…поради генералниот штрајк на судовите во Р. Македонија не бил во можност благовремено да ги извести со потребните податоци, меѓутоа откако престанале причините…го извести Институтот отворено општество за побараните податоци“. Во прилог на дописот до Комисијата е доставена фотокопија од Известување 0301.СУ.БР.462/16 од 15.07.2016 година, насловен до Фондацијата Отворено општество – Македонија, кое го содржи одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата направи напори да го контактира барателот на информациите телефонски и преку е-маил, со цел тој да се произнесе околу добиениот одговор. Фондацијата Отворено општество – Македонија не одговори на барањето на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Тетово, со задоцнување, постапил по Барањето за пристап до информации од јавен карактер од  Фондацијата Отворено општество – Македонија и до барателот доставил Одговор. По истиот не е поднесена Жалба до Комисијата.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје, застапувано од И.Ц., извршна директорка на Коалицијата, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје, застапувано од И.Ц., извршна директорка на Коалицијата, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-189 на 08.07.2016 година, изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје, застапувано од И.Ц., извршна директорка на Коалицијата, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје, застапувано од И.Ц., извршна директорка на Коалицијата, на 01.04.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје и побарала да и се достават следните информации:

„1.Дали е развиена информативна брошура за видовите на услуги кои се обезбедуваат во сферата на СПИ и на кој начин се дистрибуира?

2. Дали се развиени стандарди, протоколи за превенција, дијагностика и лекување на СПИ базирани на докази?

3. Доколку да, бараме примерок од стандардите и протоколот.

4. Колку обуки се реализирани со здравствени работници (дерматолози, гинеколози) за користење на современите стандарди и протоколи за превенција, дијагностика и лекување на СПИ базирани на докази?

5. Колку здравствени работници се опфатени и од кои градови?

6. Колку обуки се реализирани со здравствени работници од примарна здравствена заштита за советување и тестирање за СПИ?

7. Колку здравствени работници се опфатени и од кои градови?”.

ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

Комисијата, со допис бр.08-189 од 14.07.2016 година ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје и побара во рок од 3 дена од денот на  доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје до Комисијата достави Одговор бр.03-219/3 од 20.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-189 на 21.07.2016 година. Во Одговорот ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје наведува дека „…ЈЗУ има доставено писмен одговор до Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје (заведено со арх.бр.03-219/2)“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставена фотокопија од Одговорот по Барањето за пристап до информации до јавен карактер бр.03-219/2 од 15.04.2016 година, насловен до Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот доставила Одговор во законски предвидениот рок.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 17 август2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Одлука/Одлуки за пристапување на Република Македонија кон декларации, акти и конвенции од објава во Сл. В-М2 бр. 32/99”СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-190 на 11.07.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-190 на 11.07.2016 година, А.К. од Куманово, на 30.04.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.37-2568/2 до Основен суд Куманово, со кое побарал по пошта да му достават фотокопија или препис од следната информација:  

          „Одлука/Одлуки за пристапување на Република Македонија кон декларации, пакти и конвенции од објава во Сл. В-М2 бр. 32/99.”

На 06.05.2016 година Основниот суд Куманово, со допис Спи.бр.11/16, го препрати Барањето за пристап до информации од јавен карактер во надлежност до Собранието на Република Македонија како имател на бараната информација согласно членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Собранието на Република Македонија на 13.06.2016 година достави Одговор на препратено барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 37-2568/4 до А.К. од Куманово. Во Одговорот наведуваат дека: „…согласно известувањето од Секторот за јавно информирање, односи со јавноста, изготвување статички материјали, документација и библиотека на Собранието на Република Македонија, бр.37-2568/3 од 09.06.2016 година, таков материјал не е пронајден во Службен весник на РМ, па според тоа Собранието на Република Македонија не е имател на бараната информација“.

Незадоволен од наведениот Одговор, А.К. од Куманово, на 11.07.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-190 од 14.07.2016 година ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонијаи побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот  да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Постапувајќи по барањето на Комисијата, Собранието на Република Македонија, на 22.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по доставена жалба бр.37-3282/2 од 21.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-190 и сите списи во врска со предметот. Во Произнесувањето по жалбата, Собранието на Република Македонија останува на наводите од Одговорот бр.37-2568/4 од 13.06.2016 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Собранието на Република Македонија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапило согласно членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да донесе Заклучок за прекинување на постапката.

Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:

Согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување. 

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Адвокатското друштво Б.К. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Адвокатското друштво Б.К. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Дали за потребите на изградбата на „МХЕЦ 146 ПАТИШКА“ изградена на КП бр.137/2/4/5, КП бр,435/4/5/6/7/9, КП бр.795/4/5, КП бр.1006/3, КП бр.1009/3, КП бр.1010/5/6, КП бр.1026/2/3, КП бр.1027/2/3, КП бр.1030/2/3, ЛП бр.1032/2 на имотен лист 314 за КО Патишка река врз основа на Договор за концесија за вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија за локацијата „МХЕЦ 146 ПАТИШКА“ со планирана моќност од 654 kW склучен помеѓу Министерство за економија на Република Македонија како Концедент со бр.12-3058/1 од 31.03.2010 година и Друштво за изградба и оперирање со хидроцентрали ПЦЦ ХИДРО ДООЕЛ Скопје како Концесионер со бр.0258 од 31.03.2010 година од страна на овластен градежен инспектор при Општина Сопиште е донесено решение за отстранување на градба на КП-795/2 во м.в.Село Имотен лист бр.219 за КО Патишка река согласно член 134 од Законот за градење?

          2. Доколку е донесено такво решение, на кој датум е извршено отстранувањето на градбата на КП – 795/2 во м.в. Село Имотен лист бр.219 за КО Патишка река?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-195 на 18.07.2016 година, изјавена од Адвокатското друштво Б.К. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Адвокатското друштво Б. К. од Скопје на 07.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Сопиште, со кое побарало да му ги достават следните информации:  

„1. Дали за потребите на изградбата на „МХЕЦ 146 ПАТИШКА“ изградена на КП бр.137/2/4/5, КП бр,435/4/5/6/7/9, КП бр.795/4/5, КП бр.1006/3, КП бр.1009/3, КП бр.1010/5/6, КП бр.1026/2/3, КП бр.1027/2/3, КП бр.1030/2/3, ЛП бр.1032/2 на имотен лист 314 за КО Патишка река врз основа на Договор за концесија за вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија за локацијата „МХЕЦ 146 ПАТИШКА“ со планирана моќност од 654 kW склучен помеѓу Министерство за економија на Република Македонија како Концедент со бр.12-3058/1 од 31.03.2010 година и Друштво за изградба и оперирање со хидроцентрали ПЦЦ ХИДРО ДООЕЛ Скопје како Концесионер со бр.0258 од 31.03.2010 година од страна на овластен градежен инспектор при Општина Сопиште е донесено решение за отстранување на градба на КП-795/2 во м.в.Село Имотен лист бр.219 за КО Патишка река согласно член 134 од Законот за градење?

          2. Доколку е донесено такво решение, на кој датум е извршено остранувањето на градбата на КП – 795/2 во м.в. Село Имотен лист бр.219 за КО Патишка река?“

Општина Сопиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-195 од 21.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Општината Сопиште и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општината Сопиште не одговори ниту на дописот на Комисијата.

На 05.08.2016 година, Адвокатското друштво Б.К. од Скопје до Комисијата достави Повлекување на жалба заведено под бр.0306-6559/1 од 04.08.2016 година. Со цитираниот допис Адвокатското друштво Б.К. од Скопје ја извести Комисијата дека одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер го примил на е-маил, а истиот бил испратен и по пошта поради што ја повлекува Жалбата поднесена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Сопиште постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:              

„Имајќи предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Струга за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Струга (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата, заведена во Комисијата под број 08-186 на 07.07.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Основното јавно обвинителство Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

          По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-186 на 07.07.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението на 27.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840-23 до Основното јавно обвинителство Струга, и побарало по е-маил да му се достави електронски запис од информациите:

“Имајќи предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Струга за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Струга (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”

Основното јавно обвинителство Струга, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-186 од 12.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Струга и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Основното јавно обвинителство Струга на 20.07.2016 година до Комисијата достави допис А.бр.03-59/16-2 од 14.07.2016 година, во кој се наведува дека: ”…ОЈО Струга во законскиот рок, на бараниот начин ја достави информацијата до барателот, односно му одговори на барателот.” Во прилог на дописот Основното јавно обвинителство Струга го доставо дописот со кој одговара на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, насловен до Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, А.бр.03-59/2 од 31.05.2016 година како и доказ за испратен е-маил на ден 31.05.2016 година.

Од доказот за испратен е-маил, за достава на одговорот на Барањето до Здружението, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Струга го испратило одговорот на погрешен е-маил, наместо на info@transparency.mk, како што е наведено во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Основното јавно обвинителство Струга го испратило одговорот на е-маилот info@transparensy.mk. Оттука произлегува дека Основното јавно обвинителство Струга не одговорило на Барањето за пристап до информации до јавен карактер во законски предвидениот рок.

Водејќи се од начелото на економичност и ефикасност на постапката, а со цел остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице кое постапува по предметот, по е-маил, го достави дописот со кој Основното јавно обвинителство Струга одговара на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, А.бр.03-59/2 од 31.05.2016 година, до Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија.

На 11.08.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија преку е-маил ја извести Комисијата дека го добило одговорот и се задоволни од истиот.      

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Струга постапилo по Барањето, но со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер-Записник од теренски увид во врска со конкретен случај на Водно, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-198 на 18.07.2016 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 13.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Шумска полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со кое побарало да му се достави фотокопија од Записник од теренски увид во врска со конкретен случај на Водно. Барањето било примено во архивата на Министерството, и евидентирано под организациона единица 02, без запишан архивски број на приемниот штембил.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-198 од 21.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 21.07.2016 година, П.Б. по е-маил ја извести Комисијата дека на 20.07.2016 година добил одговор од Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, заведен под архивски број 02-6417/3 од 13.07.2016 година и нема забелешки по однос на истиот. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 03.08.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.02-6417/5 од 27.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-198. Во прилог на Произнесувањето по жалбата, Министерството го достави Одговорот на барањето насловено до П.Б., а заведено под бр.02-6417/3 од 13.07.2016 година, и другите списи во врска со предметот.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, поднесена преку У.П., извршен директор на Здружението, против Основното јавно обвинителство Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, поднесена преку У.П., извршен директор на Здружението, против Основното јавно обвинителство Велес,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“1. Број на кривични пријави примени од граѓани врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

2. Број на кривични пријави примени од МВР врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

3. Број на поведени истражни постапки по пријави од граѓани и МВР и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

4. Број на поведени истражни постапки по службена должност и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд по предмети започнати по службена должност врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-197 на 18.07.2016 година, поднесена преку Основното јавно обвинителство Велес, изјавена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, поднесена преку У.П., извршен директор на Здружението, против Основното јавно обвинителство Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, преку У.П., извршен директор на Здружението, на 19.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-429 до Основното јавно обвинителство Велес примено во Основното јавно обвинителство Велес на 25.05.2016 година под број А.03-79, со кое побарало да му се достави следната информација:  

“1. Број на кривични пријави примени од граѓани врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

2. Број на кривични пријави примени од МВР врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

3. Број на поведени истражни постапки по пријави од граѓани и МВР и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?

4. Број на поведени истражни постапки по службена должност и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд по предмети започнати по службена должност врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?”.

Основното јавно обвинителство Велес, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставило Заклучок за прекинување на постапката заведен под број А 03 бр. 79/16 од 21.06.2016 година.

Незадоволно од добиениот Заклучок, барателот поднесе Жалба преку Основното јавно обвинителство Велес до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-197 од 22.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Основното јавно обвинителство Велес на 01.08.2016 година до Комисијата достави Известување заведено под А.03.79/16 од 28.07.2016 година, зведен во Комисијата под бр.08-197.

Во Известувањето е наведено“…По извршениот увид од страна на Јавното обвинителство Велес е констатирано дека годишниот извештај за работа на обвинителството сеуште не е објавен, од кои причини барателот не може да ги добие бараните податоци-информации од јавен карактер. Поради наведеното, Основното јавно обвинителство Велес, изготви Информација А.03.бр 79/16 со табеларен приказ на податоците и истите на 28.06 2016 година се доставени до барателот на информацијата  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Во прилог на Известувањето до Комисијата  доставен е и одговорот на имателот заведен под бр. А03-бр.79/16 0д 28.07.2016 година.

На 03.08.2016 година, службеното лице што постапува по предметот ги достави бараните информации до Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија,

На 03.08.2016 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека се задоволни од доставениот одговор. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Велес постапило по Барањето, притоа создавајќи нова информација која му ја доставило на барателот.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:    

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Битола за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Битола (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-168 на 14.06.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку С.Т., претседател на Здружението, на 27.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-840-6 до Основното јавно обвинителство Битола, примено во Основното јавно обвинителство Битола на 30.05.2016 година под број А.бр.172/2016 со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:  

“Имајќи во предвид дека согласно чл.275 од Законот за кривичната постапка (Сл.Весник бр.150/2010) доколку јавниот обвинител во рок од три месеци по приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш писмено да ги извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител:

1.       Колку вкупно кривични пријави има примено Основното јавно обвинителство Битола за 2014, 2015 и 2016 година?

2.       За колку од нив јавниот обвинител не одлучил во рок од три месеци од денот на приемот на пријавата, а за колку одлучил во предвидениот рок (за секоја година поединечно)?

3.       Од пријавите за кои јавниот обвинител не одлучил во предвидениот рок, за колку од нив ги известил подносителот на пријавата и повисокиот јавен обвинител (за секоја година поединечно)?

4.       Колку барања со кои подносителите на пријавите бараат известување во врска со нивните пријави има примено Основното јавно обвинителство Битола (за секоја година поединечно)?

5.       На колку од барањата од прашањето бр.4 има доставено одговор (за секоја година поединечно)?”

Основното јавно обвинителство Битола, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставил Известување заведено под број А бр. 172/16 од 30.05.2016 година.

Незадоволно од добиеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-168 од 22.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Основното јавно обвинителство Битола на 29.06.2016 година до Комисијата достави Известување заведено под А.бр.172/16 од 24.06.2016 година.

Во прилог на Известувањето до Комисијата наведено е дека до барателот се доставени; Писмо на Известување А бр.172/16 од 30.05.2016 година и Известување  А.бр.172/16 од 21.06.2016 година и Заклучок А.бр.172/16 од 21.06 година.

На 01.08.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Основното јавно обвинителство Битола и е задоволно од истиот. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Битола постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

 “1. Во врска со преземањето од страна на АД Македонска пошта на вработената М.А., порано вработена во ЈП Македонски шуми, а сега распоредена на работното место соработник за економско работење и осигурување во АД Македонска пошта по претходно споменатото преземање на вработената, бараме да ни ги доставите:

–        Огласот по кој М.А. била вработена во ЈП Македонски шуми;

–        Доказ дека таа ги исполнувала условите од огласот;

–        Актот за систематизација на работните места во ЈП Македонски шуми;

–        Решението за избор на кандидат;

–        Договорот за вработување.

            2. Поради кои причини е извршено преземањето на вработената? Ве молиме да ни доставите доказ за тоа.“поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-188 на 07.07.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О. по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку С.Т., претседател на Здружението, на 18.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-806 до Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:  

“1. Во врска со преземањето од страна на АД Македонска пошта на вработената М.А., порано вработена во ЈП Македонски шуми, а сега распоредена на работното место соработник за економско работење и осигурување во АД Македонска пошта по претходно споменатото преземање на вработената, бараме да ни ги доставите:

–        Огласот по кој М.А. била вработена во ЈП Македонски шуми;

–        Доказ дека таа ги исполнувала условите од огласот;

–        Актот за систематизација на работните места во ЈП Македонски шуми;

–        Решението за избор на кандидат;

–        Договорот за вработување.

2. Поради кои причини е извршено преземањето на вработената? Ве молиме да ни доставите доказ за тоа“

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

          Комисијата со допис бр.08-188 од 22.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О. и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О. на 22.07.2016 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.02-3/6 од 20.07.2016 година заведен во Комијата под бр.08-188.

На 01.08.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О и е задоволно од истиот. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми-Македонски шуми П.О. постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Град Скопје под бр.К-17-4351/3 од 20.06.2016 година, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-205 на 25.07.2016 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 20.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, заведено во Град Скопје под бр.К-17-4351/3.

Градот Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и на 25.07.2016 година Петар Бошевски поднесе Жалба до Комисијата. 

          На 26.07.2016 година, П.Б. по е-маил ја извести Комисијата дека на 25.07.2016 година добил одговор од Град Скопје, по однос на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено на 20.06.2016 година. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Градот Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник Сабина Факиќ, вработена во ЦГК, поднесена против Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник Сабина Факиќ, вработена во ЦГК, поднесена против Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на електрична енергија број 11/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,

–        Одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и

–        Извештај од спроведената е-аукција”, поради тоа што барателот добил ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-192 на 13.07.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 03.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1974/1 до Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

          „Ве молиме за постапката за јавна набавка на електрична енергија број 11/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,

–        Одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и

–        Извештај од спроведената е-аукција.”

На 08.07.2016 година Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило Одговор на барање бр.03-4/2-1 од 04.07.2016 година, заведено во Здружението под бр.0302-1974/2.

Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-192 од 14.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на 22.07.2016 година до Комисијата достави Одговор бр.03-4/3-1 од 21.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-192.

Одговорот и приложените списи сочинуваат Одговор на Барањето за пристап до информации до јавен карактер од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје. Од истите причини, Комисијата истиот го достави до барателот на информации.

На 11.08.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека се задоволни од добиениот одговор на нивното Барање за пристап до информации од јавен карактер. 

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.      

* * * * *

          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ч. од Скопје, преку полномошник Ц.Н., адвокат од Велес, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 август 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Ч. од Скопје, преку полномошник Ц.Н., адвокат од Велес, поднесена против Општина Аеродром,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Сите списи од предмет УП1 24-198 од барателот Д.С.“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-180 на 29.06.2016 година, изјавена од Д.Ч. од Скопје, преку полномошник Ц.Н., адвокат од Велес, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-180 на 29.06.2016 година, Д.Ч. од Скопје, преку полномошник Ц.Н., адвокат од Велес, на 18.05.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Аеродром, заведено во Општината под бр.03-3714/1, со кое побарала да и се достави електронски запис од следната информација: 

„Сите списи од предмет УП1 24-198 од барателот Даница Стефановска“.

Општина Аеродром, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  

Комисијата, со допис бр.08-180 од 30.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Аеродром и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општина Аеродром на 08.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.03-4858/2 од 08.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-180.

Во Известувањето е наведено дека „Од причина што се работи за пообемна документација…на едното службено лицев му завршија овластувањата…Општина Аеродром го извести барателот Д.Ч. дека бараните информации ќе и бидат доставени во најкус можен рок“.

Во прилог на Произнесувањето по жалба, до Комисијата  доставено е и Известувањето бр.03-3714/3 од 08.07.2016 година, адресирано до барателот на информации, во кое е наведено дека „Постапката по вашето барање е во тек и бараните информации од јавен карактер ќе ви бидат доставени во најкус можен рок“.

На 10.08.2016 година, полномошникот на барателот преку е-маил ја извести Комисијата дека добиле одговор на нивното Барање за пристап до информации од јавен карактер. Во Известувањето е наведено „ни беше доставено Решение бр.03-3714/8 од 18.07.2016 година со кое беше постапено по барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-3714/1 и со кое истото делумно беше усвоено, односно ни беа доставени сите барани акти, освен барањето за електронски запис од основен проект“.

Против наведеното Решение не е поднесена Жалба до Комисијата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Аеродром постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  