ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на својата 141 седница одржана на 24 август 2016 година, донесе 12 решенија.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-202 на 22.07.2016 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Како што се наведува во Жалбата, М.К. од Куманово истата ја поднесува против Записник на Уставниот суд на Република Македонија со „… последователните Суи бр. 10/16/2 и бр. 17/16/2 на имателот…“.
Комисијата, со допис бр.08-202 од 26.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Уставниот суд на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Уставниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба СУИ бр.18/16 од 08.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-202 на 08.08.2016 година. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени сите списи по предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека М.К. од Куманово до Уставниот суд на Република Македонија поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер со кое побарал по пошта да му биде доставен „акт“ од следната информација:
„1) Информација од гласањето на актот на Претседателот, потпишан Ј.А., за објавата бр.1354 од Сл. В. На Р.М. бр.70/92 дека актот предвиден со чл.133 на Устав на Република Македонија не е акт од објавата бр.632 од Сл. Л. На СФРЈ бр.46/64… при располагања од транзиција дозволени кон чл.110 ст.1 ал.5 на важечкиот Устав; 2) Информација од правни средства во поредокот дозволени против конечноста или извршноста на одлуките објавени или од објавата на начинот на достапноста при чл.112 ст.3 на Уставот; и 3) Информација од правна сигурност кон странечкото право на постапки пред редовните судови за цитираните чл.79, 80,81 и 82 од делот Х на транзициониот Деловник уредувајќи го начинот на работа и постапката на адресираниот во власт за менување на уставните одредби со одлуки“.
Уставниот суд на Република Македонија до барателот доставил известување Су. Бр. 12/16/2 од 20.06.2016 година со кое побарал, согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да го дополни (појасни) Барањето, за да може да постапува по него.
По дополнување на Барањето од 27.06.2016 година, Уставниот суд на Република Македонија до барателот доставил Одговор Су. Бр. 17/16/2 од 28.06.2016 година, со конкретни одговори на поставените прашања. Во истиот е наведено дека одговорот го дава „Во врска со Вашите дополнувања, односно појаснувања, кои повторно се нецелосни…“.
Незадоволен од добиениот Одговор, М.К. од Куманово до Комисијата поднесе Жалба со следната содржина:
„Причината поради која добиената информација се обжалува за одговор на прашања, дополнувања или појаснувања е таа што истите не соодветствуваат на целосен записник или решение, односно заклучок по бараната информација без право на изрична жалба до Комисијата или со одобрение на судот од непотребата за постапка по сопствена иницијатива; број на записник кој всушност е едно решение во целосен пристап се последователните Суи бр.10/16/2 и бр.17/16/2 на имателот објавен за „посебен независен орган на Републиката“ кој доколку не ја заштити уставноста и законитоста е противречен за заштитата предвидена кон граѓаните од редовните судови и Уставно“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Уставниот суд на Република Македонија, иако утврдил дека Барањето и по дополнувањето не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и, иако согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер требало со Заклучок да констатира дека Барањето е повлечено, или согласно член 109 од Законот за општата управна постапка да го отфрли, тој не го отфрлил, туку излегол во пресрет на барателот и ја продолжил постапката со намера за остварување на целта на Законот. Односно, и покрај тоа што барателот не го дополнил, појаснил и прецизирал Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Уставниот суд на Република Македонија постапил во законски предвидениот рок и до барателот доставил одговор.
Комисијата од списите на предметот исто така, утврди дека поднесеното Барање не е барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Во конкретниот случај, поднесеното Барање не е барање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации до јавен карактер.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе оваа Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, против Основниот суд Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, против Основниот суд Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку вкупно постапки во кои е одобрена бесплатна правна помош се иницирани во периодот од 01 јануари 2015 година до 01 април 2016 година за решавање на правни прашања од надлежност на судот? Колку од нив се правосилно завршени?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Гостивар на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-200 на 20.07.2016 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, против Основниот суд Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Гостивар на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.10-269/1 од 10.05.2016 година до Основниот суд Гостивар, со кое побарала по пошта, да и се достави фотокопија, од следната информација:
„Колку вкупно постапки во кои е одобрена бесплатна правна помош се иницирани во периодот од 01 јануари 2015 година до 01 април 2016 година за решавање на правни прашања од надлежност на судот? Колку од нив се правосилно завршени?“.
Основниот суд Гостивар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, до Основниот суд Гостивар доставила Ургенција бр.10-269/2 од 23.06.2016 година, со која побарала од имателот на информации да постапи по нејзиното Барање за пристап до информации од јавен карактер, предупредувајќи го дека, доколку не го стори тоа „…во рок од 7 дена“, ќе поднесе Жалба до Комисијата.
Основниот суд Гостивар не одговорил ниту по наведената Ургенција, по што Фондацијата Отворено општество – Македонија, застапувано од Ф.К.П., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-200 од 22.07.2016 година ја препрати Жалбата до Основниот суд Гостивари побара во рок од 3 дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Гостивар до Комисијата достави Известување СПИ.бр.7/16 од 22.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-200 на 01.08.2016 година. Во дописот Основниот суд Гостивар наведува дека „Предвид на фактот дека во сите судови во Република Македонија во периодот од 18.05.2016 година судската администрација штрајкуваше се до 15.07.2016 година кога штрајкот е ставен во мирување. Поради погоренаведената причина бараната информација, односно известување не ви беше доставено во законскиот рок до 30 дена.“ Во рамки на Известувањето до Комисијата е доставен Записникот СПИ.бр.7/16 од 10.06.2016 година кој содржи одговор на Барањето од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Комисијата направи напори да го контактира барателот на информациите телефонски и преку е-маил, со цел тој да се произнесе околу евентуално добиен одговор. Фондацијата Отворено општество – Македонија не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Основниот суд Гостивар не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма. Одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, наместо да му биде доставен на барателот Фондацијата Отворено општество – Македонија, е доставен до Комисијата во рамки на Известување СПИ.бр.7/16 од 22.07.2016 година.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка техничка припрема за одбележување на манифестации (поставување бини, озвучување, осветлување и др.) број 05-63/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција.”, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чаир на барателот да му ги достави бараните информации од точка 2 и точка 4 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-208 на 01.08.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чаир на барателот да му ги достави бараните информации во точка 2 и точка 4 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 03.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Чаир, со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка техничка припрема за одбележување на манифестации (поставување бини, озвучување, осветлување и др.) број 05-63/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција.”
На 27.07.2016 година Општината Чаир до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило допис Одговор на Барање бр.05-63/32 од 20.06.2016 година, заведен во Здружението под бр.0302-1981/2.
Незадоволно од наведениот одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека „со овој Одговор имателот на информацијата само делумно одговорил по Барањето…имателот на информацијата одбива да достави фотокопија од документите и упатува на увид на истите…“.
Комисијата, со допис бр.08-208 од 05.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Чаир и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чаир не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чаир не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето. Од Одговорот на Барање бр.05-63/32 од 20.06.2016 година е видно дека Општина Чаир му одговорила на барателот по точка 1 и точка 3 од барањето, за точка 2 смета дека увид во бараниот извештај имаат само економските оператори, а за точка 4 одговара дека не биле исполнети условите за одржување на е-аукција.
Што се однесува за одговорот под точка 2, Комисијата укажува дека Општина Чаир не постапила согласно членот 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон.“ Согласно член 10 точка 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка“ во целост е информација од јавен карактер, односно не спаѓа во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон. Согласно член 3 од Законот „барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа“.
По одговорот на точка 4 од Барањето, Комисијата укажува дека имателот, бидејќи не располагал со бараната информација, бил должен да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со Заклучок да ја прекине постапката по Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против ЈКП “Тетово”-Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против ЈКП “Тетово”-Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на пневматици (гуми) за специјални комунални возила, лесни, товарни и градежни машини за потребите на ЈКП “Тетово”-Тетово број 12/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и
– извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈКП “Тетово”-Тетово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-207 на 01.08.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во Центарот, против ЈКП “Тетово”-Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈКП “Тетово”-Тетово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 03.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈКП “Тетово”-Тетово, со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на пневматици (гуми) за специјални комунални возила, лесни, товарни и градежни машини за потребите на ЈКП “Тетово”-Тетово број 12/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција.”
ЈКП “Тетово”-Тетово како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-207 од 05.08.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈКП “Тетово”-Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈКП “Тетово”-Тетово не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈКП “Тетово”-Тетово не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Општинската организација на сојузот на борците од Тетово, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Општинската организација на сојузот на борците од Тетово, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-196 на 18.07.2016 година, изјавена од Општинската организација на сојузот на борците од Тетово, поднесена против Известувањето на Општина Тетово бр.03-2690/5 од 21.04.2016 година по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, Општинската организација на сојузот на борците од Тетово, на 07.03.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Тетово, со кое побарала по пошта да и се достави следната информациja:
„….прашањето гласи:-Дали Градоначалникот на Општина Тетово планира во догледно време да го врати меморијалниот споменик на соодветно место и ако планира кој е рокот за тоа?“
Општина Тетово на 07.03.2016 година до барателот на 21.04.2016 година доставила Известување заведено под бр.03-2690/5.
Во Известувањето е наведено:“ Во врска со вашето поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во архивата на Општина Тетово со бр.03-2690/1, Ве известуваме дека согласно член 22 став 1 и 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, одговор на Вашето барање ќе добиете во дополнителниот законски рок.
Ова од причина што на надлежниот Сектор на Општина Тетово потребен му е дополнителен рок за да може да изготви соодветен одоговор во врска со бараната информација“.
Незадоволен од наведеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 08-196 од 21.07.2016 година ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од три дена по доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Општина Тетово на 03.08.2016 година до Комисијата достави Допис-Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер заведен под број 03-8107/4 од 29.07.2016 година.
Во прилог на Одговорот достави копија од Информацијата на надлежниот сектор на Општина Тетово доставен до службеното лице за посредување со информации од јавен карактер на Општината, заведен под број 03-8107/3 од 28.07.2016 година.
Во Одговорот е наведено:“ Во врска со вашето барање бр.03-8107/3 од 25.07.2016 година, со кое што барате информација од јавен карактер во врска со барањето поднесено од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Ве известуваме дека за периодот од 2005 година не постојат докази (податоци) за постапките за одстранување на спомениците.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој Закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Општина Тетово е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе оваа Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ“ бр.124/2015), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-191 на 11.07.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер И ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Куманово истата ја поднесува поради недобиен одговор по поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер до Народниот правобранител на Република Македонија. Притоа во Жалбата наведува дека „…причини поради кои информацијата не е посредувана се на имателот кој во рокот и од десет дена од истекот на сите за оваа жалба не одговори на барањето во докажаност по 17 мај 2016 година.“
Комисијата, со допис бр.08-191 од 14.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Народниот правобранител на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Народниот правобранител на Република Македонија на 25.07.2016 година до Комисијата достави одговор ИЈК бр.5/2 од 21.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-191. Во одговорот е наведено дека „Во службената евиденција-Уписникот “НП-ИЈК“ не е евидентирано барање за слободен пристап до информации од јавен карактер од лицето А.К. од Куманово “. Во прилог на одговорот е доставена фотокопија од Уписникот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека А.К. од Куманово поднел Жалба до Комисијата во која наведува дека истата ја поднесува поради недобиена информација по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено до Народниот правобранител на Република Македонија. Дописот доставен во прилог на Жалбата не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер туку содржи податоци на Листата на информации од јавен карактер на Народниот правобранител на Република Македонија како и податоци за службените лица кај имателот.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Во конкретниот случај, барателот нема поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации до јавен карактер.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Ј. од с. Сопиште, поднесена против ЕВН Македонија АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.Ј. од с. Сопиште, поднесена против ЕВН Македонија АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Техничко решение и геодетски елаборат за поставување на бандера (врска: Ваш допис бр.16-17/5962 од 31.03.2016 година)” СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-149 на 27.05.2016 година, изјавена од Б.Ј. од с. Сопиште, поднесена против ЕВН Македонија АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-149 на 27.05.2016 година, Б.Ј. од с. Сопиште, на 19.04.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕВН Македонија АД Скопје, заведено во ЕВН Македонија АД Скопје под бр.16-4509/1, со кое побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Техничко решение и геодетски елаборат за поставување на бандера (врска: Ваш допис бр.16-17/5962 од 31.03.2016 година).”
ЕВН Македонија АД Скопје како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-149 од 30.05.2016 година ја препрати Жалбата до ЕВН Македонија АД Скопје и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, ЕВН Македонија АД Скопје, на 07.06.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-10057/1 од 03.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-149 и сите списи во врска со предметот. Во Одговорот на жалба, ЕВН Македонија АД Скопје наведува дека ги доставува во прилог Барањето за пристап до иноформации од јавен карактер бр.16-4509/1 од 19.04.2016 година и Одговорот на барање за пристап до иноформации од јавен карактер од 19.05.2016 бр.03-9540/1.
Во Одговорот на барање бр.03-9540/1 од 19.05.2016 година насловен до Б.Ј. од с. Сопиште наведува дека: „..Ве повикуваме во просториите на ЕВН Македонија КЕЦ Аеродром, со цел за наоѓање на взаемно решение во кое ќе ви биде предочена бараната информација“.
Б.Ј. од Скопје на 13.06.2016 година до Комисијата достави Дополнување на жалба бр.08-149, во кое наведува: „Јас на 6.06.2016 година се јавив кај С.Т. и тој ми вети дека ке ги земе Техничкото решение и Геодетскиот елаборат од архивата, ќе ги фотокопира и ќе ми се јави кога треба да појдам за да ги земам. Но тој не ми се јави по телефон, затоа јас поново отидов кај него на 10.06.2016 година, ми покажа некакви хартии кои ги зеде од соседната канцеларија и ми кажа дека не смее да ми ги даде бараните документи…“
Комисијата, со допис бр.08-149 од 14.06.2016 година ја препрати Жалбата до ЕВН Македонија АД Скопје и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕВН Македонија АД Скопје на 22.06.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-10393/1 од 16.06.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-149. Со наведениот Одговор ја известува Комисијата дека по истото е веќе одговорено со допис бр.УП1-24-780 од 13.06.2016 година. Во прилог на Одговорот го достави дописот насловен до Б.Ј. каде наведува дека: „Согласно Барање за достава на потребна документација: Ви доставуваме по ваше барање, Геодетски елаборат за фактична состојба и Техничко решение.“
Незадоволен од наведениот Одговор, Б.Ј. од Сопиште на 11.07.2016 година поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Б.Ј. наведува дека: „Преку Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер разбрав дека од ЕВН КЕЦ Аеродром ми испратиле допис УП1-24-780 од 13.06.2016 година во кој се наведува дека ми е испратен Геодетски елаборат за фактичка состојба и Технично решение. Таков допис немам добиено на мојата адреса а можеби ако било со препорачана пратка е вратено на испраќачот…во дописот до Комисијата…има само Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за утврдена фактичка состојба на бетонски столб изработен од ГЕОДИН ГЕО со деловоден број 08-328/5 од 09.06.2016 година на кој нема ни потписи ни печати. Во него нема ни Техничко решение.“
Комисијата, со допис бр.08-149 од 12.07.2016 година ја препрати Жалбата до ЕВН Македонија АД Скопје и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 10.08.2016 година ЕВН Македонија АД Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-11010/2 од 04.08.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-149. ЕВН Македонија АД Скопје во Одговорот наведува дека: „..во согласност со член 9 од Правилникот за геодетски работи за посебни намени (Сл.Весник на РМ бр.159/13), донесен од Агенцијата за катастар на недвижности, геодетски елаборати за извршени геодетски работи за посебни намени се изготвуваат во електронска и писмена форма. …Видно од геодетскиот елаборат, истиот е изработен и потпишан со дигитален сертификат од страна на овластен геодет….“
На 23.08.2016 година, ЕВН Македонија АД Скопје до Комисијата достави Дополнување на жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведен под број 03-11010/3, а во Комисијата под бр.08-149.
Во Дополнувањето е наведено:“ Како дополнување на Одговорот кој го имаме доставено до Комисијата за заштита на информации од јавен карактер сакам да допрецизирам дека согласно член 10 од Правилникот за геодетски работи за посебни намени (“Службен весник на РМ“ бр.159/13) донесен од Агенцијата за катастар на недвижности, во зависност од намената и начинот на изготвување, геодетските елаборати за посебни намени од членот 3 на овој правилник можат да содржат и Технички извештај, кој е составен дел на геодетскиот елаборат (видно од доставените списи.)“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЕВН Македонија АД Скопје постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно до барателот ја доставило бараната информација со допис УП1-24-780 на 13.06.2016 година, а истите му беа доставени и од страна на Комисијата.
Што се однесува до наводите на барателот дека “Геодетскиот елаборат за геодетски работи за посебни намени за утврдена фактичка состојба на бетонски столб изработен од ГЕОДИНГ ГЕО со деловоден бр.08-328/5 од 09.06.2016 година на кој нема ни потписи ни печати…во него нема ни техничко решение..“, согласно Правилникот за геодетски работи и посебни намени и на десната страна од геодетскиот елеаборат стои дигиталниот потпис на овластениот геодет, Љ.Т., заведен под деловоден број 08-328/5 од 09.06.2016 година, што значи дека на овој начин се потпишува Геодетскиот елаборат, кој е изготвен во електронска форма. Имено, согласно член 9 став 1 и 2 од Правилникот за геодетски работи за посебни намени („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/13), „Геодетските елаборати работи за посебни намени се изготвуваат во електронска и писмена форма. Геодетскиот елаборат во електронска форма се изготвува во еден документ во „pdf“ формат и се потпишува со дигитален сертификат издаден од овластен геодет, односно вработен во трговско друштво за геодетски работи/подружница.“
Што се однесува до техничкото решение, податоците од истиот се содржани во Техничкиот извештај које составен дел на Геодетскиот елеборат, согласно член 10 од Правилникот за геодетски работи за посебни намени.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, поднесено преку од д-р С.Т:, претседател на Здружението, против Решението на Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, поднесено преку од д-р С.Т., претседател на Здружението, против Решението на Министерство за финансии бр.03-3148/4 од 15.06.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.05-9064/2015 – Изградба на брана Речани на Оризарска Река, Кочани
2. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.26-22646/2013 – Изградба на брана Конско
3. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.05-10333/2015 – Вршење на надзор над работите на изградба на брана Конско“,СЕ ОДБИВА.
Решението на Министерството за финансии, бр.03-3148/4 од 15.06.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-176 на 22.06.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, поднесена преку од д-р С.Т., против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија на 16.05.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-796 до Министерство за финансии, со кое побарало во електронски запис по е-маил да му се достави следната информација:
„1. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.05-9064/2015 – Изградба на брана Речани на Оризарска Река, Кочани.
2. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.26-22646/2013 – Изградба на брана Конско.
3. Копија од претходното мислење за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка доставено до Владата на РМ согласно чл.26-а од Законот за јавни набавки во врска со јавната набавка бр.05-10333/2015 – Вршење на надзор над работите на изградба на брана Конско“.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на 16.06.2016 година до Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија доставило Решение бр.03-3148/4 од 15.06.2016 година со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер се одбива, согласно чл.6 ст.1 т.7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од причина што документите кои се бараат се во постапка на усогласување.
Незадоволно од цитираното Решението, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-176 на 22.06.2016 година.
Комисијата, со допис бр.08-176 од 27.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 10.08.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-3148/5 од 09.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-176. Во Одговорот е наведено дека: „…Министерството за финансии смета дека правилно постапило кога донело Решение со кое се одбива барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од сега жалителот. Предмет на барањето се информации поврзани со Информацијата за повеќегодишно финансирање на Проектот „Изградба на Брана на Оризарска река – Кочани“ и Информација за повеќегодишно финансирање на Проектот „Изградба на Брана со акумулација Конско – Гевгелија“, односно податоци од документи за постапки кои ги водел друг државен орган, а чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на нивната содржина, од причина што Министерството за финансии нема информации како понатаму течела постапката, од причина што истата е во надлежност на друг орган од државната управа…Воедно, Министерството за финансии при донесување на решението спроведе тест за штетност со кој се утврди дека давањето на бараната информација ќе предизвика значителни последици врз интересот кој се заштитува…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.
Во случајов информациите, односно претходните мислења наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер на барателот, претставуваат информации кои се дел од проектиран документ кој се наоѓа во фаза на подготвување, односно истиот не претставува целосно изработен финален документ. Побараната информација спаѓа во исклучоците од слободниот пристап до информации од јавен карактер и евентуално нејзино откривање во јавноста би предизвикало погрешно разбирање на содржината на побараната информација, која се уште е предмет на усогласување кај имател на информации, надлежен за финализирање и давање во јавност на конечен документ кој се однесува на Барањето поднесено од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-170 на 22.06.2016 година, изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер И ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.Т. од Скопје на 24.11.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, со кое побарал на шалтер фотокопија од следната информација:
„Записник (УП. бр.13-1670 од 18.11.2015) од „Катастер Гео – К.„“.
Општина Кисела Вода до барателот доставила Известување бр. 08-8935/2 од 27.11.2015 година, во кое се наведува дека: „…Во врска со Вашето барање за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено до овој Орган, заведено под број 08-8935/1 од 24.11.2015 година…Ве известуваме дека овој Орган поради непотполност и нејасност на поднесеното барање под горенаведениот број, согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…не може да постапи по истото и затоа е потребно во рок од 3 дена од денот на приемот на ова Известување да се јавите во Органот во барака 2, соба 9, за да го допрецизирате поднесеното барање или со писмен допис да го дополните поднесеното барање со конкретно наведување на бараната информација, во спротивно ќе сметаме дека барањето е повлечено согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“
Б.Т. од Скопје на 09.12.2015 година се јавил во Општина Кисела Вода, појаснувајќи го барањето истакнал: „Барам да ми се достави записник кој не е доставен во Решението УП.бр.13-1670 од 18.11.2015 на Сектор за урбанизам и просторно планирање, бидејќи истото е наведено како потпишано што јас го негирам и потписот и присуство во наведениот записник, за обележување на граници на КП 1820 КО Кисела Вода 1“.
Општина Кисела Вода до барателот доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 08-8935/2 од 11.12.2015 година, во кој се наведува дека: „…Поради горенаведеното, Ве известуваме дека согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл.весник на РМ“ бр.13/06, бр.86/08, бр.6/10, бр.42/14 и бр.148/15), информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности, од што произлегува дека Вашето барање не претставува информација од јавен карактер. Воедно, Ви укажуваме дека е потребно да се обратите до Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода…“
Незадоволен од цитираниот Одговор, Б.Т. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-170 на 22.06.2016 година.
Комисијата, со допис бр.08-170 од 29.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кисела Вода на 08.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по доставена жалба бр.08-5574/2 од 07.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-170. Во Произнесувањето е наведено дека: „…Органот при разгледување на доставената жалба од страна на лицето Б.Т. од Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…констатира дека истата е ненавремена согласно одредбите од законот за општата управна постапка од причина што Одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.08-8935/2 од 11.12.2015 година на Општина Кисела Вода од страна на барателот Б.Т. од Скопје е примен на ден 24.12.2015 година видно од вратената доставница и незадоволен од примениот Одговор барателот поднел жалба на ден 22.06.2016 година до Комисијата“. Во прилог се доставени сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кисела Вода постапила навремено по Барањето на Б.Т. и му доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-8935/2 од 11.12.2015 година, кој уредно е доставен и примен од страна на Б.Т. на 24.12.2015 година. Барателот Жалбата до Комисијата ја поднел по истекот на законски предвидениот рок.
Поради наведеното, а согласно член 239 од Законот за општата управна постапка, Комисијата го донесе ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број број 08-194 на 18.07.2016 година, изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Како што се наведува во Жалбата, Т.С.А. од Тетово, на 19.05.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, со кое побарала по пошта да и се достави следната информациja:
„На ден 11.09.2015 година, добив известување по претставка од Судски совет на Република Македонија со кои ме известија дека мојата претставка поради ненадлежност е препратена до Вас.
Доказ – Известување бр.03-1367/15 од 04.09.2015 година.
Иако од моментот на известување до денес измина период повеќе од шест месеци а јас сеуште немам добиено одговор.
ПРАШАЊЕТО ГЛАСИ: Кога Советот планира да ме информира за основаноста или не на мојата претставка“.
Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-194 од 22.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија достави Одговор на жалба бр.03-209/2, заведен во Комисијата под бр.08-194 од 29.07.2016 година, во кој е наведено дека: „…Преставката на жалителот беше преземена од страна на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија на 21.03.2016 година заедно со други преставки кои не беа земени во работа од страна на Судскиот Совет на РМ. На својата редовна седница, одржана на 19.04.2016 година, Советот за утврдување на факти, ја разгледа иницијативата (преставката) на жалителот и донесе одлука да се прибават списите на кривичниот предмет на кои се однесува преставката на жалителот, за да може Советот да одлучи дали преставката ќе ја земе во работа или не. Откако се создадоа услови за тоа (Советот за утврдување на факти заклучно со 14.06.2016 година немаше оформено стручна служба и не беше во можност своите одлуки да ги реализира), согласно донесената одлука на Советот, на 20.06.2016 година член на Советот за утврдување на факти упати барање до претседателот на Основниот суд во Тетово, да бидат доставени списите на увид, како би можел Советот да одлучи по поднесената иницијатива (преставка) на жалителот. На 12.07.2016 година, претседателот на Основниот суд во Тетово со Известување Су.бр.439/16 од 06.07.2016 година го извести Советот за утврдување на факти дека бараните списи на кривичниот предмет не е во можност да ги достави затоа што се препратени (доставени) во Апелациониот суд во Гостивар и дека истите откако ќе бидат вратени во Основниот суд во Тетово ќе бидат доставени до Советот за утврдување на факти“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека имателот на информации не постапил согласно роковите утврдени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од причина што во моментот на поднесувањето на барањето Советот немал формирано стручна служба за вршење на управните, стручните и другите административно технички работи. Истата започнала со работа на 14.06.2016 година. На 28.07.2016 година до барателот е доставено Известување УПП бр.205/16.
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“. Во конкретниот случај барателот не бара информација од јавен карактер, туку бара одговор по прашање.
Согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во конкретниот случај, барателот не бара информација од јавен карактер туку бара одговор на прашање.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П. извршен директор, поднесена против Основното јавно обвинителство Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П, извршен директор, поднесена против Заклучокот на Основното јавно обвинителство Битола, А.бр.200/16 од 11.07.2016 година, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Основното јавно обвинителство Битола, А.бр.200/16 од 11.07.2016 година за прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хелсиншкиот комитет за човекови права СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-204 на 25.07.2016 година, изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Основното јавно обвинителство Битола, А.бр.200/16 од 11.07.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, на 07.07.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-563 до Основното јавно обвинителство Битола, со кое побарал да му се достават информациите:
„1. Број на кривични пријави примени од граѓани врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?
2. Број на кривични пријави примени од МВР врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?
3. Број на поведени истражни постапки по пријави од граѓани и МВР и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?
4. Број на поведени истражни постапки по службена должност и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд по предмети започнати по службена должност врз основа на членовите од Глава петнаеста – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (од член 137 до член 157-в) и врз основа на членовите од Глава шеснаеста – Кривични дела против изборите и гласањето (од член 158 до член 165-в) од КЗ во периодот од 2010 година до денес, расчленето по членови и години?“
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Основното јавно обвинителство Битола до барателот доставило Заклучок А бр.200/16 од 11.07.2016 година, заведен во Хелсиншкиот комитет под бр.03-429/25 на 18.07.2016 година. Со Заклучокот, Основното јавно обвинителство Битола ја прекинува постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хелсиншкиот комитет за човекови права, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со образложение: “Основното јавно обвинителство Битола постапувајќи по барањето констатираше дека бараните информации не се информации со кои располагаме и сме ги создале, односно информации кои веќе во бараната форма постојат, од причина што во Јавните обвинителства во Република Македонија не се прават ваков вид статистички анализи.”
Незадоволен од добиениот Заклучок, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор на 25.07.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-204 од 26.07.2016 година ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Битола и побара во рок од 3 дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 03.08.2016 година Основното јавно обвинителство Битола до Комисијата достави допис-Доставување на списи А бр.200/16 од 29.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-204. Во дописот Основното јавно обвинителство Битола наведува “Во врска со жалбата поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права против Заклучокот А.бр.200/16 од 11.07.2016 година на ова обвинителство во прилог Ви ги доставуваме сите списи по предметот А.бр.200/16 во фотокопија. Исто така остануваме во целост кон донесениот Заколучок А.бр.200/16 од 11.07.2016 година и наводите изнесени во истиот.“ Во прилог, Основното јавно обвинителство Битола го достави Заклучокот А.бр200/16 од 11.07.2016 година и Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-563 од 07.07.2016 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство Битола постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинал постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, став 2 од член 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи:”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”
Согласно член 23 од Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Mакедонија” бр.150/2007 и бр.111/2008), секое јавно обвинителство изготвува годишен извештај за својата работа кој го доставува до непосредно повисокото јавно обвинителство, а Јавното обвинителство на Република Македонија изготвува единствен годишен извештај за работата на сите јавни обвинителства. Во цитираниот закон, јавните обвинителства не се обврзани да водат статистички анализи какви бара Хелсиншкиот комитет на Република Македонија.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Д. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Д. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Извадок – записникот од Петтата седница од Владата на Република Македонија одржана на 02.02.2016 година „Точка 57“ , СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-169 на 21.06.2016 година, изјавена К.Д. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, К.Д. од Скопје, на 06.05.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија, со кое побарал по е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Извадок – записникот од Петтата седница од Владата на Република Македонија одржана на 02.02.2016 година „Точка 57 “.
Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-169 од 22.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија, во врска со ова барање на 06.07.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.47-4057/4 од 30.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-169. Во Одговорот на жалба се наведува дека: “Генералниот секретаријат го разгледа поднесеното барање на барателот и врз основа на утврдената фактичка состојба одлучи истото да го одбие, поради тоа што побараната информација, претставува материјал кој е разгледуван и усвоен на седница на Владата на Република Македонија и истиот е определен со степен на тајност – „интерно“. Од тие причини, Генералниот секретаријат постапи согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност. Согласно член 8 став 4 од Законот за класифицирани информации „Класифицирана информација со степен „Интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачки активности на органите на државна управа на Република Македонија. Имено, по задолжително спроведениот тест на штетност во согласност со член 3 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација „последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата… Оттука, наводите на жалителот дека Генералниот секретаријат не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не одговорил на предметното барање се потполно неосновани, за што во прилог ви го доставуваме Решението бр.47-4057/2“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија не постапила согласно роковите наведени во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Имателот на информацијате е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето„
Од списите на предметот и од Одговорот на Жалбата е утврдено дека наведеното Решение за одбивање на пристапот е донесено на 16.06.2016 година, 10 дена по истекот на законски утврдениот рок. По барање на Комисијата, Владата на Република Македонија ја достави доставницата со која наведеното Решение е испратено до барателот. На доставницата има печат од Владата на Република Македонија во кој е наведен бројот на Решението 47-4057/3 од 30.06.2016 година, а печатот од пошта има датум од 18.07.2016 година. Доставата од страна на пошта е извршена на 18.07.2016 година и истата е потпишана но примателот не ја навел датата на приемот.
Против наведеното Решение на Владата на Република Македонија барателот не поднесе Жалба до Комисијата.
На 28.07.2016 година до Комисијата од страна на Народниот правобранител на Република Македонија доставен е допис “Барање објаснување, информации и докази за наводите во Претставката заведен под НП бр. 2076/2016 година, а во Комисијата под бр.08-169, поднесена од К.Д. од Скопје.
Во дописот е наведено дека од страна на К.Д. поднесена е претставка поради непостапувањето на Комисијата по неговата жалба.
Комисијата на 28.07.2016 година до Народниот правобранител достави допис заведен под бр.08-169.
Со дописот Комисијата го извести Народниот правобранител дека при постапувањето по предметот се појави потреба од доставување на дополнителни докази од Владата и дека по доставувањето на доказите ќе одлучи по жалбата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.