ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 4 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на седницата одржана на 31 август 2016 година, донесе 1 решение и 4 заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 31 август 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми го името на Законскиот акт, како и соодветната одредба (член) од истиот акт, како и бројот и годината на Службениот весник на Република Македонија, каде што истиот законски акт е излезен, а со кој е утврдено, на јасен и недвосмислен начин, дека граѓаните на Република Македонија се должни, задолжително да ја плаќаат јавната давачка од член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Сл.Весник на РМ бр.97/12) која гласи „Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“ а во однос на член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот на РМ кој гласи „Собранието на Република Македонија: – ги утврдува јавните давачки“, а во врска со член 33 од Уставот на РМ кој гласи „Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“, а во смисла дека Правилата за снабдување со топлинска енергија, која Регулаторната комисија ги донесува врз основа на член 28 од Законот за енергетика (каде што не е предвидена истата јавна давачка), претставува подзаконски акт, а не Законски акт, како што налага Уставот, односно истите не се донесени од страна на Собранието, во форма на закон, а во однос на тоа дека Друштвото за снабдување со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ – Скопје, истата давачка, со целосен благослов од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, ја наплаќа од граѓаните на Република Македонија”, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-172 на 22.06.2016 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-172 на 22.06.2016 година, Д.Ј. од Скопје, на 09.05.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија заведено под бр.09-933/1, со кое побарал по пошта да му достават фотокопија или препис од следната информација:
„1. Доставете ми го името на Законскиот акт, како и соодветната одредба (член) од истиот акт, како и бројот и годината на Службениот весник на Република Македонија, каде што истиот законски акт е излезен, а со кој е утврдено, на јасен и недвосмислен начин, дека граѓаните на Република Македонија се должни, задолжително да ја плаќаат јавната давачка од член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (Сл.Весник на РМ бр.97/12) која гласи „Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“ а во однос на член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот на РМ кој гласи „Собранието на Република Македонија: – ги утврдува јавните давачки“, а во врска со член 33 од Уставот на РМ кој гласи „Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“, а во смисла дека Правилата за снабдување со топлинска енергија, која Регулаторната комисија ги донесува врз основа на член 28 од Законот за енергетика (каде што не е предвидена истата јавна давачка), претставува подзаконски акт, а не Законски акт, како што налага Уставот, односно истите не се донесени од страна на Собранието, во форма на закон, а во однос на тоа дека Друштвото за снабдување со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ – Скопје, истата давачка, со целосен благослов од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, ја наплаќа од граѓаните на Република Македонија”.
На 11.05.2016 година Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, со допис бр.09-933/2, од барателот побарала дополнување на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Барателот по електронски пат доставил Одговор на 17.05.2016 година, заведен во Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија под бр.09-933/3 од 18.05.2016 година.
Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија до барателот доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/4 од 14.06.2016 година
Незадоволен од наведениот Одговор, Д.Ј. од Скопје на 20.06.2016 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.08-172 0д 22.06.2016 година.
Комисијата, со допис бр.08-172 од 29.06.2016 година ја препрати Жалбата до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на 12.07.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба против Одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/6 од 11.07.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-172 и сите списи во врска со предметот. Во Произнесувањето по жалбата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија навела дека: „…може да се утврди дека жалбата на жалителот е неоснована во целост, бидејќи како што е наведено и во самиот Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-933/4 од 14.06.2016 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со Правилата за снабдување со топлинска енергија не утврдува никаква јавна давачка за граѓаните на Република Македонија, туку плаќање на надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинс
ка енергија, во колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред и тоа само за правни и физички лица кои што се сопственици на станбени единици кои што припаѓаат на колективните станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти во кои се испорачува топлинска енергија, а не сите граѓани на Република Македонија…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапила согласно членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 август 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ми фотокопија од образложението за одредбите со повратно дејство од предлог на Законот за енергетика, односно понатамошните предлог на закон за дополнување и измени на Законот за енергетика, а во однос на Законот за енергетика кој е излезен во Службен Весник на РМ бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14 и 151/14 образложение кое согласно членот 135 став 7 од Деловникот за работа на Собранието на РМ (Сл.. Весник на РМ бр.130/10 – пречистен текст и 23/13) кој гласи „Ако предлогот на закон содржи одредби кои имаат повратно дејство предлагачот е должен посебно да ги образложи причините за нивното предлагање“. Истото е задолжително и мора да го има во Предлогот на Законот за енергетика, односно во неговите измени и дополнувања, согласно Деловникот за работа на Собранието на РМ, доколку во предлогот на законот постои одредба со повратно дејство“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-174 на 22.06.2016 година, изјавена Д.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје на 25.12.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 12-7951/1 до Министерство за економија, со кое побарал да му се достави по електронска форма следната информација:
„Доставете ми фотокопија од образложението за одредбите со повратно дејство од предлог на Законот за енергетика, односно понатамошните предлог на закон за дополнување и измени на Законот за енергетика, а во однос на Законот за енергетика кој е излезен во Службен Весник на РМ бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14 и 151/14 образложение кое согласно членот 135 став 7 од Деловникот за работа на Собранието на РМ (Сл.. Весник на РМ бр.130/10 – пречистен текст и 23/13) кој гласи „Ако предлогот на закон содржи одредби кои имаат повратно дејство предлагачот е должен посебно да ги образложи причините за нивното предлагање“. Истото е задолжително и мора да го има во Предлогот на Законот за енергетика, односно во неговите измени и дополнувања, согласно Деловникот за работа на Собранието на РМ, доколку во предлогот на законот постои одредба со повратно дејство“.
Министерството за економија на 27.03.2016 година му доставило Известување заведено под бр.12-2384/1 од 21.03.2016 година, со кое го известува дека Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се упатува до Владата на Република Македонија, како надлежна да постапува по наведеното Барање.
Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-174 од 27.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија на 11.07.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.47-2748/4 од 07.07.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-174. Во Одговорот е наведено дека: „…Генералниот секретаријат го разгледа предметното барање и во однос на истото постапи согласно член 24 став (1) а во врска со член 21 став (2) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08, 6/10, 42/14, 148/15 и 55/16), односно барателот го извести дека бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста…Имено, предметот на барањето претставуваат материјали кои се јавно достапни документи и истите се објавени на веб страна на Собранието на Република Македонија (www.sobranie.mk), во делот „материјали“, каде што се содржани сите материјали поврзани со конкретен Предлог-закон…“.
На 14.07.2016 година, Д.Ј. од Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација од Владата на Република Македонија и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), поднесена преку Ф.К.-П., извршна директорка во Фондацијата, против Основниот суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на 31 август 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), поднесена преку Ф.К.-П., извршна директорка во Фондацијата, против Основниот суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Колку вкупно постапки во кои е одобрена бесплатна правна помош се иницирани во периодот од 01 јануари 2015 година до 01 април 2016 година за решавање на правни прашања од надлежност на судот? Колку од нив се правосилно завршени?”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-199 на 20.07.2016 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), поднесена преку Ф.К.-П., извршна директорка во Фондацијата, против Основниот суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на 10.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Охрид заведено под бр.10-278/1 со кое побарало по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
“Колку вкупно постапки во кои е одобрена бесплатна правна помош се иницирани во периодот од 01 јануари 2015 година до 01 април 2016 година за решавање на правни прашања од надлежност на судот? Колку од нив се правосилно завршени?”.
Основниот суд Охрид, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-199 од 22.07.2016 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Охрид и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Охрид на 03.08.2016 година до Комисијата по пошта достави Допис „Известување по повод поднесена жалба“ заведено под Кој.бр.4/16-2 од 28.07.2016 година, со кое ја известува Комисијата дека на 25.07.2016 година е постапено по барањето и истото е испратено по пошта до барателот.
На 29.08.2016 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), преку е-маил ја извести Комисијата дека на 25.07.2016 година добила одговор од Основниот суд Охрид и е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основниот суд Охрид постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Здружението, против ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на 31 август 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Здружението, против ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје ООУ “Тихомир Милошевски“ од Скопје Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Кое правно лице ја набавува храната за учениците во ООУ Тихомир Милошевски, Ново Село-Скопје? Ве молиме да ни ја доставите целосната документација од спроведената јавна набавка.”, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-215 на 11.08.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Здружението, против ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку С.Т., претседател на Здружението, на 30.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-929 до ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново -Скопје со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
“Кое правно лице ја набавува храната за учениците во ООУ Тихомир Милошевски, Ново Село Скопје? Ве молиме да ни ја доставите целосната документација од спроведената јавна набавка.”,
ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-215 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје на 23.08.2016 година до Комисијата по меил го достави Известувањето доставено до Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кое му ја доставуваат бараната информација, а на 24.08.2016 година до Комисијата по пошта достави Известување заведено под број 03-172 од 17.08.2016 година со кое ја известува Комисијата дека до барателот се доставени бараните информации.
На 23.08.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје и е задоволно од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ООУ “Тихомир Милошевски“ од Ново Село-Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 август 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК, поднесена против Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ „Кон ефикасни механизни во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија“ ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на разни образци и други печатарски услуги, со бр.16-782/2/2015:
• Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка за печатење на разни образци и други печатарски услуги;
• Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
• Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
• Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
• Одлуката за јавната набавка;
• Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
• Записник од јавното отворање на понудите;
• Извештај од спроведената е-аукција;
• Извештај за извршена евалуација на понудите;
• Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
• Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
• Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
• Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
• Потреба за прием на предметната набавка;
• Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката;
• Годишниот план за јавни набавки на ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје за 2015 година”, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-219 на 22.08.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател во ЦГК, на 27.07.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2101/1 до Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“, со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ „Кон ефикасни механизни во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија“ ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на разни образци и други печатарски услуги, со бр.16-782/2/2015:
• Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка за печатење на разни образци и други печатарски услуги;
• Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
• Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
• Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
• Одлуката за јавната набавка;
• Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
• Записник од јавното отворање на понудите;
• Извештај од спроведената е-аукција;
• Извештај за извршена евалуација на понудите;
• Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
• Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
• Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
• Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
• Потреба за прием на предметната набавка;
• Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката;
• Годишниот план за јавни набавки на ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје за 2015 година.”

На 17.08.2016 година Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“ до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило Одговор на барање бр.4486/1 од 17.08.2016 година.
Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-219 од 23.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“ на 25.08.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.4876/1 од 25.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-219. Во Одговорот се наведува дека:„Се направи пропуст за овие два документа бидејќи за разлика од другите кои ги добивме од Секторот за јавни набавки, требаше да се побарат од Секторот за Финансии.“
На 26.08.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува жалбата, бидејќи добиле целосен одговор со копии од преостанатите потребни документи.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното претпријатие „Македонски железници инфраструктура-Скопје“ постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.