ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на седницата одржана на 2 септември 2016 година, донесе 5 решенија и 2 заклучока.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на вградени медицински материјали: степлери, лапароскопски, електрохируршки, ултразвучни хируршки инструменти според техничка спецификација, со бр. 12/2015:
– Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка на вградени медицински материјали: степлери, лапароскопски, електрохируршки, ултразвучни хируршки инструменти според техничка спецификација;
– Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
– Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
– Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
– Одлуката за јавна набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај од спроведената е-аукција;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка;
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и
-Годишен план за јавни набавки на ЈЗУ УК за дигестивна хирургија за 2015 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија на барателот да му ја достави бараната информација од точка 14 и точка 15 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Во делот од Барањето под точка 8 Жалбата се одбива.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-213 на 09.08.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија на барателот да му ја достави бараната информација од точка 14 и точка 15 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Во делот од Барањето под точка 8 Жалбата ја одби како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 20.07.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2100/1 до ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на вградени медицински материјали: степлери, лапароскопски, електрохируршки, ултразвучни хируршки инструменти според техничка спецификација, со бр. 12/2015:
– Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка на вградени медицински материјали: степлери, лапароскопски, електрохируршки, ултразвучни хируршки инструменти според техничка спецификација;
– Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
– Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
– Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
– Одлуката за јавна набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај од спроведената е-аукција;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка;
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и
– Годишен план за јавни набавки на ЈЗУ УК за дигестивна хирургија за 2015 година“.
ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило Одговор на барање бр. 0302-503/4 од 20.07.2016 година, заведен во Здружението под бр.0302-2062/3 на 27.07.2016 година.
Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-213 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија на 25.08.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0302-572/2 од 23.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-213. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…во поглед на „недоставување“ на извештаите од спроведените аукции…се составен дел од Извештајот за спроведената постапка кои системот ги генерира, односно детално е се содржано во Извештајот за спроведената постапка, кој им е доставен во форма на електронски запис.Во врска со жалбените наводи кои се однесуваат за недоставување на потврди за прием како и извештај за финансиски трошоци…станува збор за сукцесивни нарачки согласно потребите и со тоа не се заокружува во еден акт исцрпувањето на предметот на набавка и затоа не постои еднократна потврда за прием и дека се уште е во тек исцрпување на количините“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето. Од Одговорот на барање бр. 0302-503/4 од 20.07.2016 година е видно дека ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија не му одговорила на барателот по точка 14 и точка 15 од Барањето, иако располагала со податоци за дотогашното сукцесивно исцрпување на предметот на набавката.
Што се однесува за одговорот под точка 8 од Барањето, Комисијата укажува дека ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија постапила согласно членот 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот ја доставила бараната информација, која претставува дел од Извештајот за спроведената постапка за јавна набавка.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението и Заклучокот на КПУ Затвор Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ Затвор Скопје бр.0302-2653/9 од 15.07.2016 година и Заклучокот бр.0302-2653/7 од 15.07.2016 година, СЕ ОДБИВА.
Решението на Управата за извршување на санкции КПУ Затвор Скопје бр.0302-2653/9 од 15.07.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и Заклучокот бр.0302-2653/7 од 15.07.2016 година СЕ ПОТВРДУВААТ.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-147 на 01.08.2016 година, изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ Затвор Скопје бр.0302-2653/9 од 15.07.2016 година и Заклучокот бр.0302-2653/7 од 15.07.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението и Заклучокот на првостепениот орган е правилни и врз закон засновани.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Скопје, на 22.04.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до КПУ Затвор Скопје, заведено во КПУ Затвор Скопје под бр.04-2112/1 на 22.04.2016 година, со кое побарал да му бидат доставени препис, или фотокопија од следните информации:
„-Правилник за систематизација на вработените во КПУ Затвор Скопје бр.01-223/1 од 23.02.2016 година,
– Правилник за внатрешна организација на КПУ Затвор Скопје бр.01-222/1 од 23.02.2016 година и
– Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација“.
На 04.05.2016 година, Г.Р. од Скопје до КПУ Затвор Скопје доставил Дополнување на барање бр.04-2112/2, со кое бара „бараната информација да ми се достави во електронска форма во PDF files на следнава електронска пошта: nsk-vpum@hotmail.com.mk“.
Постапувајќи по Барањето и по Дополнувањето на барање, КПУ Затвор Скопје до барателот доставил Решение бр.0405-2112/4 од 19.05.2016 година, со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер „делумно се одбива“. Во Решението е наведено дека во делот на Барањето кој се однесува на „ Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација“, по извршен увид во архивата КПУ Затвор Скопје констатирал дека таков документ „нема заведено во истата согласно Законот за архивско работење…“ и дека „…во однос на ова барање установата нема да постапи“. Што се однесува до останатиот дел од Барањето, КПУ Затвор Скопје изразува резерви и сомневање во наведената електронска пошта на барателот во Дополнувањето на барањето, сметајќи дека не станува збор за личен е-маил на барателот и дека со доставување на наведената е-маил адреса на информациите кои се однесуваат „…особено во делот на затворската полиција (структура, организација, поставеност, пополнетост на работни места, работни цели и задачи и сл.)“, истите би останале незаштитени „…ако се земе во предвид функцијата на установата , со што би можеле да настанат негативни и штетни последици како за институцијата, така и за вработените во институцијата во целост. За таа цел установата со Писмениот одговор до барателот на информацијата (Г.Р. – Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворската полиција при КПУ Затвор Скопје) ќе изврши и покана за увид „како поповолен начин за барателот и установата…““. Во прилог на Решението, до барателот е доставен „Одговор на Барање со Покана“ бр.0405-2112/5 од 19.05.2016 година, во кој е наведено дека КПУ Затвор Скопје „Ве поканува секој работен ден од 08,30 часот до 16,30 часот во просториите на установата да извршите увид“ во бараните информации.
Незадоволен од добиеното Решение и од Одговорот на Барање со Покана, Г.Р. од Скопје до Комисијата поднесе Жалба и Дополнување на жалба.
Комисијата, со допис бр.08-147 од 30.05.2016 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 08.06.2016 година КПУ Затвор Скопје достави до Комисијата Одговор на жалба бр.0302-2653/3 од 06.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-147. Во Одговорот на жалба, КПУ Затвор Скопје останува на наводите во оспореното Решение.
По разгледувањето на Жалбата, Дополнувањето на жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Решение бр. 08-147 од 01.07.2016 година, со кое Жалбата и Дополнувањето на жалба од Г.Р. од Скопје ги уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, а Решението на КПУ Затвор Скопје бр.0405-2112/4 од 19.05.2016 година го поништи. Пред да го донесе наведеното Решение, Комисијата утврди дека КПУ Затвор Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и му укажа на следното:
Доколу КПУ Затвор Скопје сметал дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен бил да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Со оглед на тоа што во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се предвидени апсолутни исклучоци од истиот, пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, КПУ Затвор Скопје утврдил дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, требала да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
КПУ Затвор Скопје исто така не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во делот на Барањето кој се однесува на „Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација“, за кој КПУ Затвор Скопје констатирал дека таков документ нема заведено во неговата архива,. Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
Што се однесува до изразените резерви и сомневања од страна на КПУ Затвор Скопје во наведената електронска пошта на барателот во Дополнувањето на барањето, Комисијата укажува дека имателот на информациите бил должен да постапи согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувајќи по Решението на Комисијата, КПУ Затвор Скопје донел Решение бр.0302-2653/9 од 15.07.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер во делот: „Правилник за систематизација на вработените во КПУ Затвор Скопје бр.01-223/1 од 23.02.2016 година и Правилник за внатрешна организација на КПУ Затвор Скопје бр.01-222/1 од 23.02.2016 година“, како и Заклучокот бр.0302-2653/7 од 15.07.2016 година со кој ја прекинал постапката во делот од Барањето: „Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација“.
Незадоволен од добиените Решение и Заклучок, Г.Р. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-147 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор Скопје и побара, согласно член 107 од Законот за општата управна постапка, во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.08.2016 година КПУ Затвор Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0302-2653/13 од 16.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-147. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Решението бр.0302-2653/9 од 15.07.2016 година, со кое е одбиено Барањето за пристап до информации од јавен карактер во делот: „Правилник за систематизација на вработените во КПУ Затвор Скопје бр.01-223/1 од 23.02.2016 година и Правилник за внатрешна организација на КПУ Затвор Скопје бр.01-222/1 од 23.02.2016 година“, со образложение дека „…двете информации се исклучок од слободниот пристап до информации утврден во член 6 став 1 алинеа 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно информации за архивско работење кои се утврдени како доверливи…“ и дека по спроведениот Тест на штетност е утврдено дека “…со станувањето достапни на правилниците, односно информациите содржани во правилниците, особено во делот на затворската полиција (структура, организација, поставеност, пополнетост на работни места, работни цели и задачи и сл.)…би можеле да настанат негативни и штетни последици како за институцијата, така и за вработените…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена и фотокопија од Заклучокот бр.0302-2653/7 од 15.07.2016 година, во чие образложение е наведено дека „…во однос на побараниот акт, односно Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација…истиот не е доставен на установата…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека КПУ Затвор Скопје постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилно и врз закон засновано Решение, со кое делумно го одбил пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон. Исто така, КПУ Затвор Скопје правилно постапил и согласно член 26.став 2 од истиот Закон, донесувајќи Заклучок за прекинување на постапката во делот од Барањето „ Известување бр.12/6-1082 од 25.02.2016 година од Министерството за информатичко општество и администрација“ поради што не располагал со бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесено против Решението на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесено против Решението на Општина Кисела Вода бр.08-4205/2 од 24.06.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни дозволите да извршиме увид, а по потреба и да добиеме фотокопии од некои од документите кои се однесуваат на извршување на Договорот за јавна набавка на работа за реконструкција и одржување на јавно улично осветлување за потребите на општина Кисела Вода…а кои се однесуваат на извршените работи за делот 2 од јавната набавка, односно реконструкција и одржување на јавно улично осветлување во У.З. Кисела Вода, У.З. 11 Октомври – тврда градба, У.З. 11 Октомври – бараки, У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Пржино, У.З. Црниче, У.З. Припор и У.З. Расадник:
– Копии од градежните книги и дневници, налози за работа;
– Копии од фактурите издадени од Електроизградба ДОО Скопје за извршените работи и
-Евиденција за извршените плаќања” СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Кисела Вода на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Општина Кисела Вода бр.08-4205/2 од 24.06.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-206 на 26.07.2016 година, изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесено против Решението на Општина Кисела Вода бр.08-4205/2 од 24.06.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и JA ЗАДОЛЖИ Општина Кисела Вода на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Општина Кисела Вода бр.08-4205/2 од 24.06.2016 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, на 26.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-4205/1 до Општина Кисела Вода, со кое побарало да му ја достават следната информација:
„Ве молиме да ни дозволите да извршиме увид, а по потреба и да добиеме фотокопии од некои од документите кои се однесуваат на извршување на Договорот за јавна набавка на работа за реконструкција и одржување на јавно улично осветлување за потребите на општина Кисела Вода…а кои се однесуваат на извршените работи за делот 2 од јавната набавка, односно реконструкција и одржување на јавно улично осветлување во У.З. Кисела Вода, У.З. 11 Октомври – тврда градба, У.З. 11 Октомври – бараки, У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Пржино, У.З. Црниче, У.З. Припор и У.З. Расадник:
– Копии од градежните книги и дневници, налози за работа;
– Копии од фактурите издадени од Електроизградба ДОО Скопје за извршените работи и
– Евиденција за извршените плаќања”.
Постапувајќи по наведеното Барање, Општина Кисела Вода донела Решение бр.08-4205/2 од 24.06.2016 година со кое го одбила пристапот до бараните информации „согласно член 6 став 1 точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Незадоволно од добиеното Решение, Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-206 од 28.07.2016 година ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.08.2016 година Општина Кисела Вода до Комисијата достави допис насловен Достава на списи по жалба бр.08-4205/3 од 05.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-206. Во прилог на дописот е доставена и фотокопија од оспореното Решение, во кое е наведено дека „…констатирано е дека станува збор за документи кои се однесуваат на постапка за извршување на меѓусебните права и обврски на договорните страни, согласно склучениот Договор за реконструкција и одржување на јавно улично осветлување…бараните документи…се однесуваат на идентификувано правно лице како договорна страна кое самото ги создало…по спроведениот Тест на штетност констатира дека со давањето на бараните документи…ќе настане значителна штета за целосно извршување на одредбите од горенаведениот Договор, исто така ќе настане значителна штета и за договорните страни…Врз основа на горенаведеното, согласно член 6 од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер следуваше поднесеното Барање…да се одбие“.
На 17.08.2016 година Општина Кисела Вода до Комисијата „…на натамошно постапување и одлучување…“ достави Дополнително произнесување по доставена жалба бр.08-4205/5 од 12.08.2016 година, во чиј прилог се доставени предметни списи кои всушност претставуваат одговори на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кисела Вода не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапила согласно членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“.
Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 10 точка 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараните информации во целост се информации од јавен карактер. Од наведеното произлегува дека истите не спаѓаат во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, поднесена преку полномошник Ј.П. од Скопје, против Решението на Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, поднесена преку полномошник Ј.П. од Скопје, против Решението на Општина Аеродром бр.03-4767/8 од 27.07.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Проектна документација од инвеститорот Турмак, градежништво, индустрија и трговија АД Истанбул, Р. Турција, за проектот Cevahir Sky City:
1. Број на градежна дозвола со предвиден рок за реализација;
2. Вкупна квадратура на објектот/ите со спецификација колку м2 е станбен, колку деловен, а колку паркинг простор + рекреативен простор;
3. Давачки платени кон Општина Аеродром“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Аеродром на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Општина Аеродром бр.03-4767/8 од 27.07.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-216 на 11.08.2016 година, изјавена од Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, поднесена преку полномошник Ј.П. од Скопје, против Решението на Општина Аеродром бр.03-4767/8 од 27.07.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и JA ЗАДОЛЖИ Општина Аеродром на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Општина Аеродром бр.03-4767/8 од 27.07.2016 година ГО ПОНИШТИ
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, преку полномошник Ј.П. од Скопје, на 29.06.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-4767/1 до Општина Аеродром, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„За комплексот Џевахир Скај Сити:
1. Градежна дозвола со планиран датум на завршување;
2.Квадратура на проектот со спецификација колку м2 е станбен/деловен/паркинг и рекреативен простор;
3. Даночни уплати во Македонија и
4. Жалби/тужби кои влијаат на изградбата“ .
Постапувајќи по наведеното Барање, Секторот за урбанизам, заштита и унапредување на животната средина при Општина Аеродром до службеното лице за посредување на информациите на Општина Аеродром доставил Известување бр.03-4767/5 од 18.07.2016 година, со кое е известен дека „… Во деловната книга на писарницата на Општина Аеродром предмет/постапка со таков назив не е пронајден, туку во истата постои постапка за издавање на одобрение за градење од инвеститор Турмак, градежништво, индустрија и трговија, АД Истанбул, Р. Турција…може да се постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно странката може да добие копии од списите по оваа постапка/предметот, освен за оние авторски дела кои се заштитени со Законот за авторски и сродни права“.
Општина Аеродром до Ј.П. од Скопје, полномошник на барателот Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, доставила Известување бр.03-4767/6 од 25.07.2016 година со кое, повикувајќи се на член 17 став 1, 2 и 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од барателот бара да го дополни Барањето во рок од 3 дена од денот на приемот на Известувањето и „…во описот на информацијата која се бара да го наведете точниот назив на инвеститорот поврзан со предметот/постапката за која барате податоци. Исто така потребно е конкретно да наведете во која форма која информација се бара“.
Истиот ден на доставеното Известување, 25.07.2016 година, Ј.П. од Скопје, полномошник на барателот Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, до Општина Аеродром доставила прецизирано Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кое е наведено дека, лично/на рака бара препис од следната информација:
„ Проектна документација од инвеститорот Турмак, градежништво, индустрија и трговија АД Истанбул, Р. Турција, за проектот Cevahir Sky City:
1. Број на градежна дозвола со предвиден рок за реализација;
2. Вкупна квадратура на објектот/ите со спецификација колку м2 е станбен, колку деловен, а колку паркинг простор + рекреативен простор;
3. Давачки платени кон Општина Аеродром“.
Во дополнетото, односно прецизирано Барање за пристап до информации од јавен карактер, барателот Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, преку полномошник Ј.П. од Скопје, се откажал од точка 4 од првото Барање, која се однесува на поднесени „Жалби/тужби кои влијаат на изградбата“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Општина Аеродром донела Решение бр.03-4767/8 од 27.07.2016 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации. Во оспореното Решение е наведено дека „До Општина Аеродром, со допис број 03-4808/1 од 30.06.2016 година, од страна на Е.Џ., управител на Турмак во Република Македонија…побарано е да не се споделуваат никакви информации и да не се обелоденува никаква документација во врска со статусот и текот на проектите на Турмак во Република Македонија со лица кои што не се членови на управата на Турмак, или кои немаат такво овластување од истата. Надоместокот за уредување на градежно земјиште претставува еден од најважните приходи од кој се финансира општината. Давањето информации во врска со тековни градежни проекти, од кои општината остварува приход, во ситуација кога инвеститорот изричито бара да не се споделуваат никакви информации и да не се обелоденува никаква документација би можело да доведе до штетна последица, односно би можело да го загрози економскиот интерес на општината, што е утврдено и со спроведувањето на задолжителниот тест на штетност“.
Незадоволна од добиеното Решение, Ајсун Џевахир Грееналл од Република Турција, преку полномошник Ј.П. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-216 од 12.08.2016 година ја препрати Жалбата до Општина Аеродром и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 24.08.2016 година Општина Аеродром до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-4767/10 од 22.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-216. Во Одговорот на жалба Општина Аеродром останува на наводите во оспореното Решение, оценувајќи дека „неосновани се жалбените наводи на жалителот дека бараните податоци не можат да предизвикаат штетни последици на комерцијалните и другите интереси, од причина што во врска со истите до Општина Аеродром…е доставено барањето…од страна на инвеститорот во коешто е изричито истакнато да не се обелоденува никаква документација поврзана со статусот и текот на проектите на Турмак во Република Македонија…“. Во прилог на Одговорот на жалба, покрај другите, до Комисијата е доставена и фотокопија од Барање од Турмак АД за градежништво, индустрија и трговија, Истанбул, Република Турција, насловено до Општина Аеродром, заведено во Општината под бр. 03-4808/1 од 30.06.2016 година, а во кое се наведува следното:
„Неодамна добивме неофицијални сознанија дека неовластени лица оствариле обид за контакт со надлежните институции во Република Македонија заради прибавување информации и документација во врска со тековните проекти на Турмак во Република Македонија…бараме од насловниот орган да не споделува никакви информации и да не обелоденува никаква документација во врска со статусот и текот на проектите на Турмак во Република Македонија, со лица кои не се сегашни членови на управата на Турмак, или кои немаат овластување од сегашната управа на Турмак“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Аеродром не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапила согласно членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“.
Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:
Општина Аеродром, како првостепен орган во постапката по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, била должна да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер, а не да се повикува на Барање од Турмак АД за градежништво, индустрија и трговија, Истанбул, Република Турција, насловено до Општина Аеродром, заведено во Општината под бр. 03-4808/1 од 30.06.2016 година. Согласно член 1 став 2 од наведениот Закон „правото на слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за општата управна постапка и друг закон“.
Во случајов, согласно член 10 точка 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараните информации во целост се информации од јавен карактер. Од наведеното произлегува дека истите не спаѓаат во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон.
Што се однесува до делот од оспореното Решение на Општина Аеродром, со кое се одбива пристапот до бараните информации повикувајќи се на делот од Барањето од Турмак АД за градежништво, индустрија и трговија, Истанбул, Република Турција, насловено до Општина Аеродром, заведено во Општината под бр. 03-4808/1 од 30.06.2016 година, во кој се бара од Општината да го ограничи пристапот до информациите со кои располага за „…лица кои не се сегашни членови на управата на Турмак, или кои немаат овластување од сегашната управа на Турмак“, Комисијата укажува дека согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа,,,“.
Поради тоа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Решението со кое се одбива пристапот до бараните податоци не е во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истото го поништи.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите фотокопија од документот со кој Министерството за животна средина и просторно планиирање го одобрува реализирањето на мала хидроелектрана на Мала Река, со реф.бр.258“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планиирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-209 на 05.08.2016 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 28.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, заведено под бр.18-4405/1 со кое ја побарал следната информација:
„Ве молам да ми доставите фотокопија од документот со кој Министерството за животна средина и просторно планирање го одобрува реализирањето на мала хидроелектрана на Мала Река, со реф.бр.258“.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-209 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.П. од Велес, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.П. од Велес, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во периодот од есента 2013-та до есента 2015-та, додека работеше истуреното одделение на Затворот за малолетници во Велес, колку случаи на штитеници беа донесени во велешката Општа Болница?
-Со голтнати предмети и снимени на Рентген одделение?
-Колку од нив беа оперирани на Хируршкото одделение?“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата изјавена од П.П. од Велес, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.П. од Велес на 07.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Општа болница Велес, заведено под бр.03-868/1, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Во периодот од есента 2013-та до есента 2015-та, додека работеше истуреното одделение на Затворот за малолетници во Велес, колку случаи на штитеници беа донесени во велешката Општа Болница?
-Со голтнати предмети и снимени на Рентген одделение?
-Колку од нив беа оперирани на Хируршкото одделение?“.
ЈЗУ Општа болница Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-224 од 25.08.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Општа болница Велес и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Општа болница Велес на 31.08.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0306-868/7 од 29.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-224.
Во Одговорот на жалба е наведено дека „На ден 29.08.2016 година од наша страна до дописникот П.П. му е доставен одговор на барањето. Причината за непочитување на законскиот рок за доставување на информации од слободен карактер е што барањето што го добивме беше во период на користење на летни одмори…“.
На 31.08.2016 година, П.П. од Велес, преку е-маил ја извести Комисијата дека го добил одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Општа болница Велес постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 септември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на материјали за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со бр. 05-11560/2015 :
– Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка;
– Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
– Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
– Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
– Одлуката за јавна набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај од спроведената е-аукција;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка;
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и
Годишен план за јавни набавки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2015 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-211 на 09.08.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 22.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2063/1 до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на материјали за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со бр. 05-11560/2015 :
– Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка;
– Извештај за потребата од обезбедување на согласност;
– Извештај од спроведеното истражување на пазарот;
– Решението за согласност од Советот за јавни набавки;
– Одлуката за јавна набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај од спроведената е-аукција;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка;
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и
– Годишен план за јавни набавки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2015 година“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-211 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 24.08.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.03-6623/8 од 17.08.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-211. Во Произнесувањето по жалба се наведува дека Министерството постапило по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот ги доставило бараните информации „…со допис бр.02-6623/7 од 21.07.2016 година…и по електронски пат…“. Во прилог на Одговорот, кој ги содржеше и сите списи кои претставуваат одговори на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, не се доставени доволно докази за достава на одговорите до барателот.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот, по телефонска консултација со барателот на информациите, кој потврди дека до 30.08.2016 година ги нема добиено бараните информации, му ги достави погоренаведените одговори од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На 30.08.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува жалбата, бидејќи добиле одговор со посредство на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.