Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот на Комисијата Катерина Димовска-Трајковска, денеска во Секретаријатот за Европски прашања учествуваа на 6-от состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација.
Претседавач на Специјалната група е министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, а претставниците на Комисијата активно партиципираа во работата на седмото поглавје одговорност/отчетност, во делот кој се однесува за слободниот пристап до информации и заштита на лични податоци.