Претставник од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер  учествуваше на регионална конференција на тема “Пристап до информации и отворени податоци”, што по повод Меѓународниот ден на слободниот пристап до информации се одржа во Сараево, во организација на Трансперенси интернешнал во Босна и Херцеговина.

Претставникот од Комисијата, зема учество во работата на вториот Панел: регионалната пракса и искуства, во рамките на кој учествуваа претставниците на институциите кои се бават со спомената проблематика од  Србија, Хрватска,  Македонија, како и од БиХ.

1Покрај констатирањето на моменталната сотојба во областа на пристапот до информации од јавен крактер во регионот, учесниците на конференцијата дадоа целосна поддршка на концептот на проактивна транспарентност, со што како што е оценето, ќе бидат остварени подобри резултати на планот на транспарентноста, одговорноста и отчетноста на сите нивоа.