Со нова средба со службени лица за посредување со информации од јавен карактер,  денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, продолжи планираната серија обуки на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуката ја изведоа стручните предавачи во Секретаријатот на Комисијата, Цветан Станоески и Макфирете Морина Суљејмани.OBUKA DENES

На обуката присуствуваа 13 новоназначени службени лица, како и лица кои досега од различни причини не посетувале обука, или пак побарале дополнителна едукација, од девет државни органи и институции, театри, студентски домови, фондови, управи и совети.

Како и претходните и оваа реализирана обука ја покрива целта на подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои за нив произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Присутните службени лица, на кои им беа претставени во детали постапката по барање информација од јавен карактер, текот на жалбената и прекршочна постапка, како и начинот на подготовката на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите, посебно се интересираа за конкретни актуелни примери на постапување и изразија благодарност до обучувачите за добиените одговори и укажувања.

Обуките во просториите на Комисијата продолжуваат  на 07.09 2016 година, со средба со службени лица од образовни институции.