Monday413804Делегација на Агенцијата за заштита на личните податоци и за слободен пристап до информации на Црна Гора, составена од членот на советот на Агенцијата, Раденко Лацмановиќ и раководителот на оддел и шеф на регистерот на Агенцијата, Ненад Дурковиќ, денеска остварија работна посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија. Притоа, претседателот на Комисијата Пеце Ташевски и членот на советот на Агенцијата, Раденко Лацмановиќ, потпишаа Меморандум за осработка меѓу двете сродни институции.
 Со потпишувањето на Меморандумот, претставниците на двете институции,  јасно ја искажаа својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со извршувањето на меѓународните обврски на двете земји во областа на заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Потписниците се обврзаа соработката да се одвива во насока на усогласување на националното законодавство со acquis communautaire, односно со европските и меѓународните стандарди, јакнење на институционалната структура преку градење на институциите, односно обезбедување на спроведувањето на законите, како и подготовка и стимулирање на професионалните вештини на државните службеници во областа на заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Со документот, исто така, е предвидена и модернизација на системот на заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, потоа заедничко учество во твининг и во други мерки со кои се засилува административниот капацитет, финансирани преку програмите на Европската унија, како и  координирање на странската помош со цел за максимизирање на ефектите на искористување на финансиските инструменти на Европската унија.
Соработката ќе се реализира преку редовни билатерални консултации,  градење на информативни системи во областа на заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, реализирање на обуки, студиски посети, семинари, работилници, тркалезни маси  и конференции, организирање курсеви и стажирање, како и размена на експерти во сектори од заемен интерес, имајќи ги предвид расположивите средства на едната и на другата страна.