Врз основа на член 31 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” број 13/2006) Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 28 април 2006 година, донесе О Д Л У К А за именување на претседател, заменик на претседателот и членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
За претседател на Комисијата е именуван ЈАНКО НИКОЛОВСКИ, досегашен раководител на сектор во Агенцијата за информации, а за заменик ХАЈРУЛА МИСИНИ, досегашен заменик на директорот на Агенцијата за информации.
За членови на Комисијата се именувани ЖАНЕТА ТРАЈКОСКА, извршен директор во Македонскиот институт за медиуми, ЉУБИЦА СТАНОЈОВСКА, досегашен помошник раководител на сектор во Агенцијата за информации и ОЛГА ПЕШЕВСКА-ТРЧКОВСКА, досегашен раководител на одделение во Агенцијата за информации.