KОМИСИЈАТА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ГО ДОНЕСЕ СТАТУТОТ
На својата втора седница (одржана на 16 мај 2006 година) Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го разгледа и по вградувањето на одредени забелешки во текстот го донесе Статутот.
Со одлука на Комисијата уште истиот ден овој документ е доставен до Собранието на Република Македонија, кое согласно член 33 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, треба да даде согласност на Статутот.