На иницијатива на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, денеска во просториите на Комисијата се одржа конултативен состанок, на кој присуствуваа поголем број претставници на Здруженија на граѓани и фондации. Состанокот беше свикан во врска со временската рамка за изготвување на Акцискиот план за отворено владино партнерство 2014 -2016, чиј носител е Министерството за информатичко општество и администрација.

Во размената на мислења, претставници од  Здружението ЕСЕ, од  „Аналитика“ Македонскиот центар за меѓународна соработка, Хелсиншкиот комитет,  Фондацијата отворено општество-Македонија и Центарот за граѓански иницијативи,  презентираа предлози на мерки и активности кои треба да бидат содржани  во делот од документот кој се однесува на слободниот пристап до информациите од јавен карактер. Беше договорено претставнците од граѓанскиот сектор сите предлози и сугестии да ги доконкретизираат и да  ги достават во писмена форма до Министерството за информатичко општествои администрација, односно до Комисијата, во делот за чија имплементација е надлежна таа.