На 29 септември 2008 година (понеделник), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со почеток во 11.00 часот, во Клубот на пратениците, со пригодна свеченост ќе го одбележи меѓународниот ден за слободен пристап до информации „Имам право да знам “.
 Притоа, Комисијата ќе презентира краток анимиран филм во функција на запознавање на граѓаните на Република Македонија со ова ново право, а    ќе биде направен и пресек на активностите на Комисијата во изминатиот едногодишен период.
    
  * * *
Претставници на невладини  организации од целиот свет, меѓу кои и од Македонија, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето, на состанок одржан на 28-ми септември 2002 година во  Софија Бугарија, формираа Мрежа на бранители на слободата  во информирањето. Притоа е договорена соработка за промоција на правото на пристап до информации, како и на планот на транспарентно работење на органите и институциите кои поседуваат информации од јавен карактер.
Основни цели на мрежата се промоција и усвојување  на законите за слободен  пристап до информациите од јавен карактер во земјите каде што  недостасува таква легислатива, како  и поддршка во спроведувањето на законите во земјите  кои веќе имаат таква легислатива во оваа област.
На овој состанок е предложено 28 септември да биде прогласен за меѓународен ден „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ”, кој ќе го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информациите.