Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата Жорж Поповски, учествуваа во работата на денешната конференција на тема „Слободата на говорот и слободата изразувањето“. СЛИКААААААААПоделена во две пленарни сесиии со десетина панелисти, конференцијата се одржа со поддршка на Проектот на ЕУ за техничка поддршка за граѓанските организации на (ТАКСО). Нејзината цел беше да се поттикнат граѓанските организации да се ангажираат активно во јавната дебата поврзана со слободата на изразување, медиумските реформи и слободата на говорот.
 Посочувајќи на бројни слабости во медиумската сфера, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, порача дека на Брисел му е важна слободата на информирање во земјава за што ЕУ дала грант од два милиона евра за медиумите и уште 800.000 евра за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, предочи дека падот на професионалните стандарди кај македонските радиодифузери не е нешто што се случило преку ноќ -туку трае веќе 20 години. Тој укажа на говорот на омраза кој е присутен посебно на интернет порталите, а се осврна и на изречените опомени од страна на Агенцијата за говор на омраза, посочувајќи на случаи кога реагирале во изминатите десет години.
Од дискусијата произлезе заклучокот дека слободата на изразување и медиумското опкружување останува сериозен предизвик за сите општествени чинители бидејќи е евидентно отсуството на избалансирано и правично известување, неправање на разлика меѓу она што е деловен, политички и приватен интерес и она што претставува професионално новинарство, потоа сопствено цензурирање на новинарите и немање на можност за целосен пристап до јавни информации. Евидентна е и недоволна транспарентност за финансирањето на медиумите, поделеноста на заедницата на новинарите, како и силниот говор на омраза, во чие што санкционирање би требало да се вклучат и обвинителството, односно судовите, беше речено на конференцијата.