Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Пеце Ташевски и раководителот на одделение во Секретаријатот на Комисијата Жорж Поповски, учествуваа во работата на конференцијата „Слободен пристап до информации-регионални искуства и меѓународни стандарди“, што се одржа на 19 и 20 ноември во Подгорица, Црна Гора.ПЕЦЕ ГОВОРНИЦАОрганизатори на овој меѓународен собир беа Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора и тамошната Агенција за заштита на личните податоци и слободниот пристап до информациите. Освен претставниците од земјата домаќин и учесниците од Македонија, во работата на Конференцијата партиципираа и претставници од сродните институции чија дејност се слободниот пристап до информациите и заштитата на личните податоци од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, како и од Албанија.
Поздравни обраќања до присутните имаа заменикот на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Подгорица Dan Redford, Жељко Рутовиќ, генерален директор за Медиуми во црногорското Министерство за култура, Мухамед Ѓокај претседател на Советот на Агенцијата за заштита на личните податоци и слободниот пристап до информациите на Црна Гора, како и Зора Чизмовиќ, началник на одделението за заштита на личните податоци во МВР на Црна Гора.
Првиот панел на Конференцијата беше посветен на Меѓународната пракса во областа на слободниот пристап до информациите, а мина во знакот на презентациите на експертите Александар Кашумов, шеф на правниот отсек во програмата за пристап до информации (AIP) – од Бугарија и Свен Милер, шеф на отсекот за слободен пристап до информациите при Канцеларијата на Повереникот за заштита на податоци и слободен пристап до информациите од Браденбург Германија. Притоа, Кашумов говореше за остварувањата од аспект на Законот за пристап до информации во Бугарија, со акцент на новите трендови во праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур низ анализа на десетина конкретни примери. Експертот Милер се задржа на пристапот до информациите на локално и регионално ниво, укажувајќи дека во Германија постои шареноликост во поглед на организационата поставеност и примената на законот. Поконкретно, некаде пристапот до општите информации и до оние од сферата на животната средина се регулирани со два посебни закона, некаде оваа проблематика е обединета во еден законски акт, додека одеделни лендери (федерални единки) воопшто и немаат закон за слободен пристап до информации.
Во вториот дел од Конференцијата, делегациите од земјите учеснички ги изнесоа регионалните искуства од примената на Законот за пристап до информации и предлозите за можна соработка. Реферирајќи за имплементацијата на Законот во Македонија во поново време, претседателот на Комисијата Пеце Ташевски информираше дека од почетокот на годинава до први ноември се примени 908 жалби, при што се донесени 400 решенија и 375 заклучоци, додека 133 предмети се во постапка. Како резултат на континуираните обуки наменети за судиите и јавните обвинители драстично е намален бројот на жалбите против судската власт од 187 во 2013, на само 15 во тековнава година. Комсијата го има зајакнато кадровскиот потенцијал на Секретаријатот со шест нови административни службеници, самостојно е извршена обука на 118 нови службени лица, а на работилници и други форми на едукација организирани во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје присуствувале околу 300 службени и одговорни лица, претставници на невладини организации и граѓани.
Во дискусијата беше констатирано дека ваквата размена на искуства и на добрите практики се добредојдени и пожелни за да се постигне уште повисок степен на консензус при детектирањето на заедничките проблеми и идните предизвици.
Ускратувањето на информациите, според учесниците на Конференцијата, претставува своевиден монопол, облик на цензура и директен кочничар на демократијата, поради што е потребно уште попосветено имплементирање на законот за слободен пристап, како важен инструмент во борбата за отворено општество и механизам за превенција од корупција.
Првиот значаен исчекор е направен со осовременувањето и измените во законската регулатива според европски стандарди, но место за задоволство се уште нема, бидејќи претстои борба за имплементација на одредбите. Во оваа смисла беше речено д
ека танареченото “молчење на администрацијата“ било да се во прашање прекратките рокови за одговор, или пак недостаток на одговорност или злоупотреба, во никој случај не е правен одговор и не смее да се толерара.
На неговото сузбивање треба да се работи преку одржување обуки за службените лица, организирање на работилници за одговорните лица и низ директни контакти со нив, како и со поголемо приуство и застапеност во медиумите.
Беше укажано и на потребата од принципиелно спроведување на тестот на штетност секогаш кога е тоа неопходно, како и на практикување на таканаречениот проактивен пристап до информации, со што ќе се намалат и бројот на жалбите, но и негативните реакции во знак на незадоволство на граѓаните.