Иницијативата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за воспоставување на поблиска соработка со високообразовните институции денеска беше официјализирана со Факултетот за безбедност од Скопје. Меморандумот за соработка кој го потпишаа првите луѓе на двете институции, претседателот на Комисијата Пеце Ташевски и деканот проф. д-р Оливер Бачановиќ, е во насока на одржување на обуки на студентите во врска со спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и неговото користење како алатка за пристап до информации од јавен карактер со Факултетот за безбедност од Скопје.
Денешната обука се одржа пред осумдесет студенти во амфитеатарот на факултетот, а ја реализираа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска и Јорданка Стојкова.
Обуката имаше за цел да ги запознае студентите со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се со цел подигнување на свеста за ова основно човеково право загарантирано и со Уставот на Република Македонија, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.