На 25 и 27 март ( среда и петок), во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе се одржат две тркалезни маси на тема „ Заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“. Тркалезните маси се дел од договорените активности превидени со меморандумите за соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Академијата за судии и јавни обвинители и со Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Првата тркалезна маса се организира за претседатели на судови, додека втората  е наменета за јавни обвинители.
Целта на тркалезните маси е запознавање на присутните со основните одредби на Законот за заштита на личните податоци и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.