Во организација на Центарот за граѓански комуникации, во рамките на Регионалниот проект “Кон ефикасни механизми во јавните набавки во државите (потенцијални) кандидати за членство во ЕУ“, на 27 ноември 2014 година во хотел „Арка“ беше одржана конференција на тема, „Јавните набавки во Македонија меѓу реалноста, законот и новите ЕУ директиви“.
На конференцијата на која активно учествуваше директорот на Бирото за јавни набавки, како и други стручни лица од наведената област, беше дискутирано за актуалната состојба во јавните набавки во Република Македонија и новите директиви на ЕУ наспроти македонската регулатива. Беше поделен материјал во работна верзија со наслов „Компаративна анализа на студиите на случаи во областа на јавните набавки во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија“. На овој настан од Комисијата присуствуваа Катерина Димеска, член на Комисијата и Цвета Трајковска вработена во Секретаријатот на Комисијата.