Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и стручното лице во Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска, денеска во просториите на Високата школа за медиуми и за односи со јавноста реализираа предавање на тема “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Предавањето беше наменето за студенти од втора година, кои беа запознаени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и со начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Низ конкретни примери на идните новинари им беше укажано на тоа колкаво е значењето на овој Закон за вршењето на нивната професија и колку тие ќе можат да се повикуваат на него во барањето на информации од јавен карактер од институциите.
Првите луѓе на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и на Високата школа за медиуми и за односи со јавноста, се очекува наскоро да потпишат и Меморандум со кој ќе биде продлабочена соработката меѓу двете институции.