ОД ГРБ20140716_101438

 

 

 

 

 

 

Денеска во хотелот „Арка“ во Скопје, во сорабка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, беше реализирана четвртата последователна работилница на тема „Добро владеење и остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Оваа едукативна средба чија цел е подигнување на свеста и степенот на запознаеност на одговорните и на службените лица со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со измените на истиот од 2010 година, како и со можностите кои произлегуваат од него за имателите и за барателите на информации од јавен карактер, ја реализираа  стручните лица од Секретаријатот на Комисијата,  Цветан Станоески и Макфирете Морина.

На работилницата овојпат учествуваа одговорни и службени лица, како  и раководители на сектори за правни и општи работи од соседни скопски општини , како и од јавни претпријатија и установи.

За потемелно запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, продукт на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат   од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.