Собранието на Република Македонија на првото продолжение на седмата седница,  одржано на  03 јули 2014 година,  со 62  гласа „за“,  го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во 2013 година. Во дискусијата  до Комисијата беше упатено барање за уште поофанзивна промоција, афирмација и приближување на уставно загарантираното  право до најбројната целна група- граѓаните.