КАВАДАРЦИДенеска во  просториите на Општина Кавадарци, обучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, одржаа обука на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Освен граѓани за кои првенственои  беше наменета оваа обука, на неа присуствуваа и службени лица кај имателите на информации од јавен карактер од општина Кавадарци, кои директно учествуваат во спроведувањето на Законот.
Обуката ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата,  Цветан Станоески и Макфирете Морина, а нејзината цел беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
 Во функција на пошироко запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е резултат на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, продукт на Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, стручно помогнат   од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Настанот беше проследен од електронски и други медиуми.