Во Салата на Советот на Општина Кочани, денеска, се одржа регионална обука на тема “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Целта на обуката која ја реализираа претставници од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Освен граѓани кои се главната целна група, на обуката што ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата, Јорданка Стојкова и Цвета Трајковска, присуствуваа и службени лица кај имателите на информации од јавен карактер од општина Кочани, кои директно учествуваат во спроведувањето на Законот.
Настанот доби соодветен публицитет и во електронските и други локални медиуми.