Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват годишен извештај за  календарската 2008 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2009 година.
 Овие извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија.
 Непочитувањето на оваа обврска–подготвување на годишен извештај предвидува парична глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице (член 45), која Комисијата ќе ја реализира преку поведување на прекршочна постапка.
Напоменуваме дека образецот на Извештајот го има на веб страната на Комисијата (www.komspi.mk).
 За сите дополнителни прашања или нејаснотии околу подготовката на  Извештајот, како и секогаш кога станува збор за примена на Законот, можете да се консултирате со Стручната служба на Комисијата.