Денеска во 11.30 часот, во хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи прес-конференција посветена на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации „Имам право да знам“.Организатори на оваа средба со новинарите се Фондацијата Институт отворено општество Македонија-ФИООМ, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум.
Пред претставниците на седмата сила ќе бидат презентирани искуствата од тригодишната имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со акцент на најкарактеристичните и најчести проблеми со кои се соочуваат граѓаните и невладините организации, како на пример задоцнетото добивање одговори, непрофесионалниот однос на пооделни службени лица и непотполноста на одговорите. |