Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Љубица Станојовска, од 29 октомври до 1 ноември 2009 година учествуваше на работилницата на тема: „Современи аспекти на концептот Јавност и примена на Дискурс анализа„, што се одржа во Сандански, Република Бугарија.
На работилницата чиј организатор беше КДС-Центар за обука и развој на кадри, активно учество земаа претставници од државните институции и од општините во Република Македонија. Цел на работилнцата беше да се овозможи осознавање и имплементација на современите концепти во процесот на работењето во релацијата со давање и примање на информации и повратните ефекти од истите, со примена на Дискурс анализа.
Дискурс анализата во светски рамки е современа алатка применлива во сите високо развиени општества и овозможува градење на слика за поединци или цели интересни групи, како и подобрување на релациите од највиско до најнисоко ниво кај заинтересираните страни од различни области.