По повод две годишнината од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 1 септември 2008 година во дневниот весник “Дневник“ како посебен прилог на 44 страници е објавена Листата на иматели на информации од јавен карактер со сите потребни податоци. На овој начин Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја исполни законската обврска (согласно член 5 од ЗСПИЈК) еднаш годишно Листата на иматели да ја објави во средствата за јавно информирање.
Листата на иматели на информации од јавен карактер која е објавена во тираж од над 30 илјади примероци не е конечна и не е целосна, со оглед на законските надлежнности на Комисијата, секојдевно да ги евидентира, менува и надополнува официјално добиените податоци од постојните и новите иматели на информации. Во втората по ред јавно публикувана Листа на иматели на информации поместени се податоци за вкупно 1408 досега евидентирани субјекти (институции, правни и физички лица) кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес.
Публикација е реализирана со финансиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија во соработка со Македонски институт за медиуми, како дел од пообемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.