Според евиденцијата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Вашата институција се уште не одговорила на обврската која произлегува од членовите 8 и 9 од ЗСПИЈК, а со која од сте должни да определите едно или повеќе службени лица кои ќе посредуваат со информациите од јавен карактер, како и да објавите листа на информации кои ги поседувате и со кои располагате.
УКАЖУВАЈЌИ дека по цели три години од примената на ЗСПИЈК е недозволиво да постојат иматели на информации од јавен карактер кои не ја исполниле елементарната законска обврска, Комисијата Ви предочува дека доследно ќе се придржува до казнените одредби и истите ќе ги применува.
За да ги избегнете несаканите последици, потребно е во најскоро време (под итно ВЕДНАШ)  името и презимето на назначеното службено лице, телефонскиот број на кој може да се контактира со него и e-mail адресата да ги доставите до Комисијата ( на адреса: бул.„Гоце Делчев„ б.б, тел/факс: 02/3118-038 или на e-mail адресата: sinf@sinf.gov.mk). Исто така, во дописот или e-mail-от треба да бидат наведени и точниот назив на институцијата, адресата и контакт телефоните, како и начинот на кој листата на информации ќе биде достапна за граѓаните (огласна табла, веб страна или на друг начин).
Доколку и по оваа УРГЕНЦИЈА Вашата институција не ја испочитува законската обврска, Комисијата предочува дека ќе поведе прекршочна постапка, согласно членовите 4 и 5 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кои е предвидена глоба во износ од 400 до 700 евра, односно од од 400 до 800 евра, во денарска противвредност.    
Воедно, Комисијата ПОТСЕТУВА дека 31 јануари 2010-та година е крајниот рок до кога имателите на информации од јавен карактер согласно член 37 од ЗСПИЈК се должни да достават до Комисијата Годишен извештај за 2009 година.
Одговорното лице кое нема да подготви Годишен извештај и истиот нема да го достави до Комисијата во предвидениот законски рок, ќе биде казнето со глоба во износ од 100 до 500 евра, во денарска противвредност согласно член 8 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Напоменуваме дека образецот на Извештајот го има на веб страната на Комисијата (www.komspi.mk).
За сите нејаснотии и други дилеми, кога станува збор за примена на Законот, можете да се консултирате со Стручната служба на Комисијата, лица за контакт: Жорж Поповски и Оливер Серафимовски; тел. (02) 3118-038.