Членовите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, од 16 до 19 декември 2007 година престојуваа во официјална работна посета на Република Словенија. Посетата беше реализирана по покана од комесарот за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Словенија, госпоѓа Наташа Пирц-Мусар.
Престојот во Љубљана беше искористен за меѓусебна размена на искуства стекнати низ досегашаната имплементација на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер во двете земји. Посебно внимание во разговорите беше посветено на транспарентноста во работењето на државната администрација, судската власт, локалната самоуправа и правните и физички лица кои вршат јавни овластувања утврдени со закон, како јавни сервиси на граѓаните.
Во функција на што поблиско запознавање со работата и функционирањето на словенечките државни институции, македонската
Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер оствари и посета на словенечките министерства за јавна управа, за внатрешни работи и за одбрана, како и на Антикорупциската комисија на оваа земја.