Од 3 декември 2007 година на веб страната на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ќе биде поставен нов линк „ВИ ПОМАГАМЕ“. Во него ќе бидат поместени, исклучиво податоци за надлежностите, дејностите, активностите и за мисијата на имателите на информации од јавен карактер.
Целта на Комисијата е со активирањето на овој линк и содржините поместени во него, да им помогне според нивните потреби на заинтересираните граѓани – баратели, да го направат вистинскиот избор на имателот при поднесувањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Податоците за имателите од јавен карактер од страна на Комисијата ќе бидат постојано ажурирани и надополнувани.