Министерството за животна средина и просторно планирање крие информации за своите кампањи. Граѓанин се пожалил дека му е скратено законското право да дознае колку пари се инвестирани во кампањата „Замена на пластични ќеси со платнени торби“ што се водеше во текот на 2005 година, од која ставка на буџетот се исплаќаат предвидените средства и кој го изработил сајтот“, пишува „Утрински весник“.
„Со позитивното решение на жалбата од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, која најави отворање на покарактеристичните случаи, граѓанинот најверојатно ќе го добие одговорот.
Постапувајќи по жалба на О.Ѓ. од Прилеп, поднесена преку В.Д. адвокат од Скопје, Комисијата за слободен пристап оценила дека граѓанинот е во право. Притоа, донела решение со кое го задолжила ресорот за екологија да ја достави бараната информација до подносителот за 15 дена во фотокопија.
За потсетување, кампањата „Замена на пластичните ќеси со платнени торби“, како што пред две години најави Министерството за животна средина, нема да биде еднократна, односно дека ќе се промовира во повеќе градови. Целта на кампањата беше да се реши проблемот со прекумерната употреба на најлонските ќеси кои претставуваат дел од отпадот создаден во домаќинствата“.