Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Македонскиот институт за медиуми, како носители и имплементатори на Проектот „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер„ објавуваат:
П ОВ И К
За пријавување на претставници од невладините организации во Република Македонија за посетување ОБУКА во прв круг за ОБУЧУВАЧИ за службените лица кај имателите на информации, согласно член 49 став 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следните услови:
– завршено високо образование
-активно познавање на англискиот јазик
-искуство во комуникација и работа со групи
-основни познавања од сферата на слободниот пристап до информации од јавен карактер
Заинтересираните за посетување на обуката треба да достават пријава најдоцна до 26 ноември 2007 година до 16,00 часот на e-mail адресите:
sinf@sinf.gov.mk. или на bube@sinf.gov.mk
Пријавата треба да содржи информации со кои се потврдува исполнувањето на горенаведените услови, адреса, број на телефон и e-mail за контакт.
Од вкупно пријавените лица за посетување на ОБУКАТА ќе бидат избрани 5(пет) претставници од невладиниот сектор. Само селектираните кандидати од сите учесници во обуката ќе се вклучат во вториот круг и ќе станат обучувачи.
Обуката ќе ја реализираат експерти од областа на слободниот пристап да информации од јавен карактер од Република Словенија.
Напомена: Молиме наведениот рок за пријавување да биде почитуван, бидејќи задоцнетите пријави нема да бидат разгледувани.