Во периодот од 1 јули до 30 септември годинава до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер беа поднесени вкупно 56 жалби. Согласно законските обврски, по дел од нив Комисијата веќе се произнесе, а по дел се уште постапува.
Постапувајќи по примените поднесоци во наведениот период, Комисијата донесе 26 решенија и два заклучока.
Во три случаи односно жалби, бараната информација е дадена и барателите не водат натамошна постапка, додека за 24 предмети постапката е во тек, односно Комисијата соработува со имателите на информациите, а предметите се во фаза на изработка.
Против 26 донесени решенија на Комисијата во споменатиот период поднесени се вкупно 8 тужби до Врховниот суд, но досега нема пресуда по ниеден предмет.