Во пресрет на првата годишнина од примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, 1-ви септември- КЗПСПИЈК ПЛАНИРА НЕКОЛКУ АКТИВНОСТИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ што го означува финалниот чин во законското уредување на областа на човековите права на слободен пристап до иформации од јавен карактер согласно европските стандарди.
За оваа цел, Комисијата ќе подготви пресек на едногодишната примена на Законот со комплетни податоци од свои сопствени извори што произлегле од нејзината работа, но и бројки, коментари и оценки на невладините и други сродни организации што ја набљудуваат областа на слободниот пристап. Комисијата истовремено апелира до Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, градоначалниците и советите на локалната самоуправа и сите иматели на информации, невладини организации, медиумите со свои обраќања до граѓаните – баратели на информации да ја охрабрат примената на ова фундаметално човеково право – на слободен пристап до иформации од јавен карактер.
Посебно ќе се обратиме до јавните и приватните електронски и печатени медиуми, особено оние од јавниот сервис, да подготват и емитуваат телоп или анимиран оглас симбол, со содржина од областа „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ“. Содржините ќе ги подготви КЗПСПИЈК. Претседателот и членовите на Комисијата по овој работен повод се подготвени да дадат интервјуа до заинтересираните новинари и медиуми.