ВЕЛЕСВЕЛЕС 1Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со финансиска поддршка од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во периодот од 9 мај до 1 јули, во Велес, Штип, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Струмица, Гевгелија, Кратово и Делчево, одржа  десет регионални обуки на тема: “Право на слободен пристап до информации од јавен карактер“. На обуките присуствуваа вкупно 144  граѓани, претставници од здруженијата на граѓани  и невладините организации, како и службени лица кај одделни иматели на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот.
Целта на обуките беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните и здруженијата со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, како и нивно информирање  за можностите кои произлегуваат од законот  и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуките ги спроведоа сертифицирани обучувачи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.