Во рамките на Програмата за почетна обука на дипломирани правници, во Академијата за судии и јавни обвинители, денеска претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пеце Ташевски, одржа едночасовно предавање за „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Притоа, учесниците на обуката беа запознати со законската легислатива, работата и надлежностите  на Комисијата, а посебен акцент беше ставен на жалбената постапка и едукативната компонента како дел од спроведувањето на Законот.
Предавањето за слободниот пристап до информациите од јавен карактер пред слушателите на почетната обука, инаку идни судии и јавни обвинители, беше реализирано во рамките на предметот Комуникациски вештини.