бЛЕРИМ кУМАНОВОмАСОВКА КУМАНОВООбучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во соработка со  Општина Куманово, денеска во просториите на Општината, во присуство на 24 учесници, одржаа обука наменета за граѓаните, на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Целта на обуката беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Обуката ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата,  Цветан Станоески и Макфирете Морина.
 Учесниците на обуката беа запознати со развојот на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и со законската легислатива, со подетален осврт на постапката по барање на информација од јавен карактер и на жалбената постапка.Во функција на пошироко запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е плод на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, подготвена од Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, а стручно помогната   од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Настанот во Куманово беше проследен од локалните електронски медиуми кои, преку нивните извештаи, придонесоа за уште поголема промоција на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во функција на пошироко запознавање со наведеното човеково право, на присутните им беа поделени примероци од брошурите „До информација“, која е плод на повеќегодишната соработка меѓу Комисијата и мисијата на ОБСЕ во Скопје и „Ти имаш право да знаеш“, подготвена од Европското здружение на студентите по право во Република Македонија – ЕЛСА во рамките на USAID проектот за јакнење на судството, а стручно помогната од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Настанот во Куманово беше проследен од локалните електронски медиуми кои, преку нивните извештаи, придонесоа за уште поголема промоција на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.