Денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржа првата од четирите планирани обуки за месец февруари, зацртани во годишната програма за едукација на службени лица кои посредуваат со информации од јавен карактер. Обуката на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ ја реализираа обучувачи од Стручната служба на Комисијата, а целна група беа службени лица кај имателите на информациите од основните и средните училишта од скопските општини.
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на лицата задолжени за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските на имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Покрај краткиот историјат за развојот на правото за слободен пристап до информации во Македонија и претставувањето на ЗСПИЈК, преку објаснување на членовите од Законот и терминологијата, посетителите на обуката детално беа запознаени и со постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и со обврската на имателите на информации да подготват годишен извештај. Со проактивно учество на присутните, беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени на адреса на образовните институции.