

Обучувачи од Секретаријатот на Комисијата, ги запознаа учесниците со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, а преку претставување на Законот, службените лица стекнаа знаења и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај. Учесниците на обуката поставуваа прашања во врска со одредени дилеми присутни при имплементацијата на Законот, а беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени до здравствените домови, клиниките и другите здравствени установи.