јавни установијавни установи 1Согласно донесената годишна програма и планот за месец април, денеска во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер,  се одржа обука за службени лица од јавни установи од Скопје.
   Обучувачи од Секретаријатот на Комисијата, ги запознаа учесниците со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации во Македонија, а преку претставување на Законот, службените лица стекнаа знаења и за постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочната постапка, како и за обврската на имателите на информации да подготват Годишен извештај. Учесниците на обуката поставуваа прашања во врска со одредени дилеми присутни при имплементацијата на Законот, а беа разгледани и неколку досегашни примери од барања што биле упатени на адреса на ученичките и студентските домови,  заводите , институтите и други јавни установи.