Денеска, во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, се одржа Семинар на тема: „Слободен пристап до информации од јавен карактер/Лични податоци и нивна заштита“, кој беше наменет за судиите и советниците од Управниот и Вишиот управен суд. На семинарот учествуваа членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Катерина Димеска и вработени во Секретаријатот, како и од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Цвета Трајковска и Јорданка Стојкова, од Секретаријатот на Комисијата пред присутните, говореа на тема: „Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, досегашни искуства од примената“. Судиите и советниците беа запознаени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и резултатите од досегашната негова практична примена.
Д-р Добринка Борисова Господинова од Дирекцијата за заштита на личните податоци, говореше на тема: „Закон за заштита на личните податоци, досегашни искуства од примената-Пристап до судските одлуки во корелација со правото на заштита на личните податоци и Претстојните измени на европската регулатива за заштита на личните податоци“.