Денеска, во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се одржа обука за службените лица од државните институции, како и за лицата од субјектите кои вршат јавни овластувања. Обуката беше на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„ а истата беше спроведена за да ја подигне свеста за значењето на ова демократско право кое можат да го користат граѓаните, како и за степенот на имплементација на Законот во пракса од страна на службените лица.
Обуката ја одржаа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, кои ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации, а во вториот дел го претставија Законот преку практични примери. Службените лица се запознаа со постапката по барање информација од јавен карактер, за постапката и текот на жалбената и прекршочна постапка и за обврската на имателите на информации да го подготват Годишниот извештај. Во завршниот дел од обуката беа разработени примери од досегашната пракса на службените лица, кои ги изнесуваа своите гледишта околу текот на постапките по барањата кои биле упатени до нивните институции.