На 23 мај (петок), со почеток во 9 часот, во просториите на општина Гостивар, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ќе одржи  регионална обука на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Целта на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Обуката ќе ја реализираат обучувачи од Секретаријатот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.