Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, денеска и утре (6 и 7 јуни), во хотелот „Климетица“ во Охрид се одржува Работилница на тема: „Остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓанско учество во донесување одлуки и комуникациски вештини“. На работилницата се поканети претставници од Здруженија на граѓани и фондации, како и службени лица и советници од општините Охрид, Струга, Ресен, како и од единиците на локалната самоуправа од Скопје.
Основна цел на обуката е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Учесниците на работилницата ќе имаат тренинг обуки и за комуникациските вештини и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Тренери на Работилницата се стручни лица од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.