трупецСо денешната обука која се одржа во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заврши циклусот обуки наменети за службените лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер. На обуката присуствуваа службени лица од државни и здравствени институции, од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања, како и од јавните претпријатија и установи. Циклусот на обуки имаше за цел да се подигне свеста за значењето на ова право кое граѓаните како баратели можат да го користат, како и да се подигне степенот на имплементација на Законот во пракса од страна на службените лица. Тема на истите беше: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер„.
Обуките ги држеа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, кои ги запознаа присутните со историјатот и развојот на правото на слободен пристап до информации и со  претставување на Законот преку практични примери. Преку интерактивен пристап, службените лица се запознаа со постапката по барање информација од јавен карактер, со постапката и текот на жалбената и прекршочна постапка, како  и за подготовката на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите. На истите беа разработувани примери од праксата, преку кои службените лица ги изнесуваа своите гледишта и ставови за барањата упатувани на адреса на нивните институции.